Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На „Инвеститорискиот ден“ склучени најголем број трансакции годинава

0
By НОВА ТВ on September 13, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 13, 2021 17:55

На Македонската берза денеска се одржа „Инвеститорски ден“ на кој се склучија вкупно 262 трансакции што е најголем број на склучени трансакции во еден ден годинава.

Инвеститорискиот ден се организира втора година по ред, а на овој ден сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот депозитар на хартии од вредност и овластените пазарни учесници во износ на остварен промет до 10.000 евра.

– Вкупниот промет од тргување во БЕСТ системот со акции денес надмина 640 илјади евра, односно изнесува околу 40 милиони денари што е зголемување за повеќе од 45 проценти во споредба со просечниот дневен промет во БЕСТ во 2021 година. Дополнително, денес во БЕСТ системот на Берзата се внесени вкупно 432 налози за тргување, што претставува најголем број на внесени налози во берзанскиот систем за тргување во текот на оваа година, информира Македонската берза.

Оттаму посочуваат дека вториот најголем број на трансакции на дневно ниво оваа година изнесува 216 трансакции, а просечниот дневен број на трансакции 84.

Во иницијативата „Инвеститорскиот ден“ вклучени се осум од вкупно десет членки на Берзата (Еурохаус, Инвестброкер, Комерцијална банка, НЛБ Банка, Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, Фершпед брокер и Шпаркасе Банка Македонија) и Централниот депозитар за хартии од вредност. Иницијативата има поддршка и од Комисијата за хартии од вредност.

акции инвестиции трансакции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.