Во пресрет на евентуалниот бегалски бран од Авганистан, Грција започна да гради центри за мигранти на островите во Егејското море.
Премиерот Кирјакос Мицотакис ги предупреди другите земји-членки на Европската унија дека не треба да очекуваат Грција сама да го реши проблемот со мигрантите. Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Филипо Гранди во саботата изјави дека засега не се очекува бегалски прилив од Авганистан.
Меѓутоа, бројот на внатрешно раселени Авганистанци е повеќе од милион и се очекува да се зголеми уште повеќе доколку хуманитарната помош од меѓународната заедница не биде значително зголемена.