НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Русија денеска почнуваат избори за државната Дума, во трка 74.000 кандидати од 23 партии

0
By НОВА ТВ Balaban on September 17, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе бидат отворени дури 96.000 избирачки места, а руските државјани кои живеат во странство ќе можат да гласаат во 144 земји каде што ќе бидат отворени вкупно 348 избирачки места, плус уште седум избирачки места што ќе се отворат во Бајконур, во Казахстан.

Во Русија денеска се одржуваат избори за Думата, Долниот дом на рускиот Парламент.

Гласачките места први беа отворени во 8 часот утринава во регионот Камчатка и Чукотската автономна област (синоќа, во 23 часот по московско време).

Пратениците за Долниот дом на парламентот се избираат со мандат од пет години според мешан изборен систем: половината од членовите на Думата, 225,  ќе бидат избрани од партиските листи, а другата половина ќе бидат избрани од граѓани во 225 изборни единици, јави Тасс.

Шефицата на руската Централна изборна комисија, Ела Памфилова, потврди дека повеќе од 4.400 изборни кампањи на различни нивоа се одржале во текот на еден изборен ден во сите 85 руски региони и дека покрај изборите за Думата, паралелно ќе се одржат и локалните избори во 46 руски региони.

Според официјалните лица задолжени за изборниот процес во Русија, ќе бидат отворени дури 96.000 избирачки места, а руските државјани кои живеат во странство ќе можат да гласаат во 144 земји каде што ќе бидат отворени вкупно 348 избирачки места, плус уште седум избирачки места што ќе се отворат.во Бајконур, во Казахстан.

Изборната кампања ја одбележа жестока конкуренција на сите нивоа, а на изборите учествуваат вкупно 23 партии со 74.000 кандидати за различни позиции.

Гласачките места низ целата земја се отвораат во 8 часот по локално време денеска, 17 септември, и ќе се затворат во 8 часот на 19 септември, а вкупно околу 880.000 луѓе ќе бидат ангажирани во работата на изборните комисии.

избори почнуваат Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.