Форумот на жени на СДСМ најостро го осудува говорот на омраза и вербално родово базирано насилство за време на денешниот протест во Тетово, соопштија од СДСМ.
– Го осудуваме говорот на омраза кон жените во политиката и кон сите жени воопшто, а овие вербални напади кон градоначалничката на Тетово, Теута Арифи е срамен пример. Очигледно дека опозицијата, коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, исто така ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во политички цели. Ова е крајно неодговорно однесување врз грбот на националната трагедија, додека се уште трае истрагата која ќе ги даде сите одговори за трагичната несреќа, се наведува во соопштението на СДСМ.
Од партијата додаваат дека политиканството на опозиција, навредите, вербално родово насилство и говорот на омраза насочен против жените се недозволиви.