Вчера (19 септември) околу 11 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, на улица
„Гоце Делчев“ во Гостивар, го лишиле од слобода 42-
годишниот Н.А. од гостиварско Врапчиште, поради
сомнение дека во периодот 18/19 септември извршил
тешка кражба во црквата „Свети Петар“ во гостиварска
Долна Бањица, при што одзел пари.
Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар, додека Н.А. задржан е во Полициската станица Гостивар за расчистување и
документирање на случајот и во текот на денешниот
ден со соодветен поднесок ќе биде изведен пред судија
во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.