НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Германските истражители ја завршија истрагата, го чекаме извештајот

0
By НОВА ТВ on September 20, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Моралната одговорност за трагедијата во Тетово е испорачана од страна на директорот на болницата, економскиот директор, како и заменикот министер и министерот, кажа премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања, за време на чествувањето на 75-годишнината од основањето на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Тој повтори дека најпрвин ќе почека истрагата да се заврши, заедно со резултатите од вештачењето, по што ќе одлучи за поднесените оставки. На прашањето дали не постои социјалдемократ да го замени на премиерската функција, откако претходно изјави дека нема да даде оставка за Христијан Мицкоски да дојде на власт, Заев одговори дека никој не е незаменлив.

-СДСМ е демократска партија со квалитетни кадри кои можат Заев да го заменат и веќе банално е ова прашање сиве овие денови, истакна Заев.

Тој повтори дека е побарана помош од сите независни институции, а и покрај тоа што претходно барал корекција во работата на правосудните органи Заев рече дека истрагата треба да се остави во рацете на обвинителите.

-И денеска Заев нема целосна доверба во правосудството, но Јавното обвинителство ги води истрагите, ангажирани се професионални експерти, а секако прифативме и помош понудена од германските форензичари и истражители кои беа тука и ја завршија нивната истрага и ги очекуваме извештаите за нивната работа тука, додаде премиерот.

германски истражители Заев оставки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.