Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Арсенијевиќ: Уште пред 20 години јас и Јелена се вљубивме во фестивалот „Браќа Манаки“ и Битола

0
By НОВА ТВ on September 21, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 21, 2021 13:08

Филмот „Страхиња Бановиќ (Додека можам да одам)“, на српскиот режисер Стефан Арсенијевиќ е умешно реализиран како поетска приказна за вечната тема на патувањето во потрага по подобар живот, но на моменти и како документарен приказ на судбините на бегалците од африканските и блискоисточните земји кои во современиот свет се придружени со неверојатно суров и трагичен елемент. Синоќа публиката на „Браќа Манаки“ можеше да го види филмот на Арсенијевиќ, а денеска тој на прес конференција со новинарите откри детали за снимањето, инспирацијата, соработката со кинематограферката Јелена Станковиќ…

-Драго ми е што филмот е селектиран на ИФФК „Браќа Манаки“ и тоа пред да ја добие наградата во Карлови Вари. Овде бевме за првпат пред 20 години со студентски филм кој беше награден и се вљубивме во Фестивалот и во Битола и повеќе пати доаѓаме на фестивалот и нашата голема желба да имаме филм во конкуренција за главната награда се исполни годинава, рече Арсенијевиќ.

Главниот лик на овој филм, иако е бегалец од Африка кој решава да остане во Србија, сепак повторно влегува во ризична авантура и поаѓа на патот на бегалската рута кон Западна Европа, решен да ја најде својата љубов.

Стефан Арсенијевиќ

-Белград се наоѓаше на рутата на бегалците и бевме сведоци како секој ден минуваа низ него стотици мигранти и ги гледавме тие загубени луѓе по улиците и имав чуство дека како филмаџија треба нешто да направам за оваа најголема мигрантска криза по Втората светска војна. Во исто време размислував за некоја модерна верзија, филмска адаптација на песната „Бановиќ Страхиња“ и тие две работи се споија во едно. Тие се луѓе исто како нас, добар дел од нив беа прилично образовани, но биле приморани да ги напуштат своите домови. Конкретно инспирација ми беше едно момче од Гана , чија приказна е идентична со главниот лик во филмот. Го учи јазикот, се обидува да остане во Србија, тренира за еден локален клуб но не може да игра бидејќи нема државјанство…Проблемите на главните ликови во филмот не се мигрантски, тие се љубовни, сакав да покажам дека и тие се луѓе и имаат некакви љубовни проблеми, дека мигрантите не се сведени на идентитет мигрант, дека тоа е понижувачко, раскажа Арсенијевиќ.

Кинематограферката Јелена Станковиќ е заслужна за прекрасната визуелизација на оваа хуманистичка љубовна приказна, за што беше наградена од жирито на филмскиот фестивал во Карлови Вари.

Браќа Манаки Стефан Арсенијевиќ Страхиња Бановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

ВЕСТИ August 1, 2026

Девет луѓе загинаа во нов ноќен напад со балистички ракети врз Киев, додека Русија ги…

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.