НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши на министерски состанок на Партнерството за трансатланска енергија и климатска промена во Варшава

0
By НОВА ТВ on September 23, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Енергетскиот сектор во Република Северна Македонија е еден од најзначајните сектори за развој на економијата и е приоритет за Владата за обезбедување на сигурно снабдување со енергија, економски раст и придвижување кон зелена економија.  Како држава-кандидат за полноправно членство во Европската унија сме исправени пред предизвиците за ефикасното спроведување на сериозни реформи во економскиот сектор од кои особено значење за има енергетиката, а како членка Енергетската заедница ја следиме енегетската политика на ЕУ со што целосно ги имплементиравме директивите и регулативите на ЕУ за енергетика.

Ова го истакна министерот за економија Крешник Бектеши на Министерскиот состанок на Партнерство за трансатланска енергија и климатска промена (P-TECC) кој во организација на Министерството за енергија на Соединетите Американски Држави и Министерството за клима и животна средина на Република Полска се одржа денеска во Варшава, Република Полска.

Бектеши, информираат од неговиот кабинет, во своето излагање за реформите кон зелена енергетска транзиција на Северна Македонија истакнал дека новиот Закон за енергетика е целосно усогласен со ЕУ регулативите, како и со Енергетската заедница, и овозможува реализација на новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година и Националниот план за клима и енергија, кој се чека на усвојување.

– За овие наши активности Енергетската заедница ги пофали нашите напори и посветеност за сето она што го направивме во енергетскиот сектор кон целосна енергетска трансформација во зелена енергија како прва земја на Западен Балкан што го стори сето тоа, кажа Бектеши.

Бектеши, исто така, информирал дека Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година била донесена на крајот на 2019 година и разработува три сценарија – референтно сценарио, сценарио со умерена транзиција и зелено сценарио, кои одразуваат различна динамика на енергетска транзиција и овозможуваат флексибилност на земјата да одговори на соодветните политики за управување во ЕУ, кон модерна, конкурентна и климатски неутрална економија до 2040 година.

– Интегрираните резултати од Зеленото сценарио од енергетската стратегија во 2025 година покажуваат значаен напредок кон енергетската транзиција. Според ова сценарио, во 2025 година се предвидени заштеди во финалната потрошувачка на енергија од 12,7 проценти, кажа министерот Бектеши и додаде дека Националниот план за енергија и клима ја става Северна Македонија како прва членка на Енергетската заеница која што го изработи ваков документ.

Со тоа, се вели во соопштението од Министерството за економија, ја покажуваме сериозната заложба на земјата да биде во чекор со европските енергетски и климатски трендови, кажа Бектеши во своето обраќање пред министри и високи претставници од 25 земји кои што присуствуваа на Министерскиот состанок.

– Вкупната вредност на инвестициите во енергетскиот сектор, предвидени со Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 изнесува околу 4,2 милијарди евра и се однесуваат на покрупни инфраструктурни проекти кои претставуваат дел од вкупно предвидените инвестиции во енергетскиот сектор на Северна Македонија. Од друга страна планираните јавни инвестиции во енергетиката во периодот 2021 – 2025 година изнесуваат околу 390 милиони евра, што укажува дека јавните инвестиции во секторот на енергетика се мали по обем и дека придонесот на другите извори на финансирање ќе биде клучен за реализација на Стратегијата за енергетика, потенцирал Бектеши.

Бектеши, се наведува во соопштението, посочил и дека иницијативата за конкурентна и климатски неутрална економија на секоја земја почнува од нашето размислување за  тоа како ќе изгледа иднината.

– Важно е какви мерки преземаат владите и дали ќе бидат доволно добри за да го заштитат нашето здравје и благосостојба, како ќе се оживее економијата, каква ќе биде нашата понуда, на чија поддршка можеме да сметаме, како ќе се променат потребите за мобилност и на крајот, каква улога може да одигра секој од нас. Земјите од Западен Балкан, имаат можност да донесат храбра одлука за движење напред кон одржлива декарбонизирана иднина и да го искористат потенцијалот на регионот за поздрава животна средина, кажа Бектеши, стои во соопштението.

Во рамки на министерскиот состанок, Бектеши остварил билатерална средба со министерот за клима и животна средина на Република Полска, Михал Куртика, на која, стои во соопштението, двајцата ги истакнале своите силни заложби за продлабочување на соработката во делот на енергетиката помеѓу двете земји.

Бектеши Варшава Министерски состанок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.