НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Драфт верзијата на законот за потекло на имот е затворена и решени се сите прашања

0
By НОВА ТВ on September 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние сме единствена земја во регионот која битката за корупцијата ја издигна на повисоко ниво, со подготвено законско решение и затоа доби поддршка од сите европски институции и во Брисел и во Виена каде што е седиштето на главната канцеларија на ОН за борба против корупција и Северна Македонија е лидер во регионот во спроведување на овие реформи. Во Охрид го усвоивме патоказот со сите министри од регионот за борба против корупцијата кои сега ќе започната да се имплементираат. Започнавме борба со криминалот на самите гранични премини за првпат само во нашата земја се поставуваат контејнери и системи за борба и имаме широка и голема поддршка, влегуваме во новата програма на ОЛАФ за борба против измамите, таму се сите земји членки кои може да користат од новиот буџет во вредност од 180 милиони евра и со тоа се даде значење и признание на сите промени кои ги правиме во правец на борба против корупцијата и криминалот, рече Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупцијата во гостувањето на вестите на Сител.

– Голем е интересот за законот на потекло на имот, драфт верзијата на овој закон е затворена денеска и се решени сите прашања, одработната група под водство на Советот на Европа, сега ќе се разгледува законот од страна на нивните експерти меѓутоа сите внатре судии, обвинители и експерти ги решија сите прашања и потоа наскоро ќе се отвори со јавноста, рече тој.

Според Николовски тоа е закон кој ќе се однесува за сите граѓани со што се елиминираат слабостите на кривичните постапки.

– Ова особено важи за луѓе за кои велат ќе лежам во затвор и кога ќе излезам имотот ќе ми остане, со овој закон истиот во граѓанска брза постапка овој имот ќе биде конфискуван, а постапката ќе ја води финансиската полиција, да нема формирање нови институции. Граѓаните треба да докажата каде има разлика од 30.000 евра неприавени или неоданочени. Постапките ќе ги застапува државнотот правобранителство бидејќи тоа е имот на државата и тој имот треба да се врати на граѓаните. Закон кој во други земји се нарекува закон против мафијата, се растеретуваме од она што го влечеме низ транзицијата и ова ќе биде доказ за едно трансформирано општество, појасни тој.

Според Николовски на база на студијата на Советот на европа, доколку некој ќе стекне имот за кој нема покритие како го стекнал и разликата е 30.000 денари институциите ќе алармираат, ќе има постапка и процедура и ќе може да се истражи. во моментот законот е само за функционери додека се на функција, тие ги префрлаат на други имиња и по кривичните постапки си го враќаат имотот назад, дури и при правосилни пресуди.

– Ќе можат да пријавуваат и граѓаните затоа ќе ги јакнеме капацитетите на финасиската полиција, затоа нема да има потреба од кривична пресуда туку во брза граѓанска процедура се конфискува имотот. И ќе ги демотивираме оние кои сакаат да пишат на нивно име имот бидејќи ќе бидат проверени. Мора да го менуваме менталитетот, мора по 30 години да не го изигруваме законите и она што е на државата да се врати на граѓаните и да ја средуваме државата, да се градат градинки, училишта. Се надевам дека на овој начин ќе ги вратиме младите, рече тој.

Имот Николовски Потекло
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.