НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уште пет дена до крај на потрагата по население и имот: Досега попишани околу 1,4 милиони лица

0
By Sashko on September 25, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заклучно со вчера до 12 часот се попишани вкупно 1.395.000 милиони граѓани во земјава, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а самопопишани се 195.477 граѓани од дијаспората.

Државниот завод за статистика (ДЗС) од денеска, со цел никој да не биде пропуштен во пописот, ќе овозможи на граѓаните да можат да отидат до одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност.

Портпаролот на Владата, Муамет Хоџа на вчерашната прес-конференција апелираше до останатите во земјава и до сите во дијаспората кои досега не се попишани да го сторат тоа.

Јасмина Ѓоргиева од ДЗС на прес-конференција појасни дека граѓаните кои поради некоја причина не успеале во изминатите 20 дена да остварат контакт со попишувачот, односно попишувачот поминал во нивиниот пописен круг, но не ги нашол во моментот дома, оставил или не оставил порака или едноставно не бил воспоставен контакт, од денеска ќе можат на одредни локации во нивните општини и да ја завршат својата граѓанска и законска должност.

Тие граѓани ќе можат да појдат на локации во нивните општини и да се попишат. Овие локации, за секоја општина во државата, ќе бидат објавени попладнево на веб-страницата https://popis2021.stat.gov.mk/, појасни Ѓоргиева.

Додаде дека влегуваме во последна фаза од пописните активности на терен, кога се привршуваат сите активности што се спроведуваа во последните 20 дена, кога попишувачите и нивните реонски инструктори ги посетуват сите пописни кругови, ги проверуват и се обидуваат да откријат дали некој е пропуштен.

Ѓоргиева потсети дека пописот трае до четврток, 30 септември, а попишувачите работат интензивно на терен – од 8 до 20 часот. Им порача на граѓаните кои досега не биле попишани, да бидат трпеливи и да очекуваат дека следните денови ќе бидат попишани. Додаде дека некои граѓани ќе бидат опфатени последните три дена од пописот.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија започна на 5 септември и ќе трае до 30 септември.

Македонија Население попис станови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.