НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: Постигнавте извонреден напредок, сега ЕУ треба да испорача

0
By НОВА ТВ on September 28, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вистина е дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и ве сакаме покрај нас. Европската комисија, и јас самата, стоиме на тоа дека вие постигнавте извонреден напредок и сакам да бидам јасна дека сега ЕУ треба да испорача, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев попладнево во Скопје.

Фон дер Лајен изрази целосна поддршка за формалното отворање пристапни преговори со земјава што е можно побрзо.

– Целосно го поддржувам формалното отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија што е можно поскоро, колку што може побрзо. Не губете верба, изодевте толкав пат, достигнавте голем напредок. Имате поддршка од многу пријатели во ЕУ и ајде работиме вредно кон одржувањето на таа прва конференција, тоа ќе биде нашата заедничка цел, рече Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК ги поздрави реформите што државава ги спроведува, особено, како што рече, во областа на владеење на правото и борбата против корупцијата и организираниот криминал, посочувајќи оти е важно да се продолжи со тој напредок, изразувајќи уверување оти тоа ќе биде наградено.

Таа истакна дека ЕУ и Северна Македонија и сега ги здружуваат силите, особено во борбата против Ковид-19, додавајќи оти таа битка не е завршена и повикувајќи на вакцинација на населението како единствен излез од пандемијата. Фон дер Лајен и честиташе на Северна Македонија што беше првата земја во регионот што се приклучи на ковид сертификатот на ЕУ, додавајќи оти тоа е многу важно и за јакнење на туризмот.

Претседателката на ЕК потсети дека Унијата досега и испорача 325.000 вакцини на Северна Македонија, но оти овој процес ќе продолжи и земјава да очекува пристигнување нови дози вакцини.

Премиерот Заев на прес-конференцијата истакна дека на средбата со Фон дер Лајен изразил надеж дека лидерите на земјите-членки на ЕУ ќе ја реафирмираат декларацијата од Брдо, за цврстата заложба за присоединување на регионот кон Унијата.

Заев подвлече дека блокадата на овој процес не е во духот на оваа определба и оти секое продолжување на блокадата ги храби ретроградните сили кои се против присоединувањето кон ЕУ.

– Европските вредности на ЕУ се и вредности и на земјите кандидати од Западен Балкан, и директно доведени во прашање заради оваа блокада. Ние ги направивме сите неопходни чекори и очекуваме Бугарија да го откочи процесот и да ја одобри преговарачката рамка, рече Заев.

Заев потсети дека земјава и досега покажа подготвеност и конструктивен придонес, но посочи дека идентитеските прашања не можат да бидат предмет на преговори.

Премиерот Заев и претседателката Фон дер Лајен го потпишаа Меморандумот за поддршка, односно првата транша од 2,6 милиони евра наменети за Северна Македонија од вкупно 15 милиони евра како буџетска поддршка за образование и вработување на младите.

Фон дер Лајен попладнево ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на вечерата што ќе ја приреди шефот на државата во присуство на претседателот на Собранието, Талат Џафери и други високи претставници.

Скопје е втора станица на Фон дер Лајен на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан, чија цел е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот. Претходно денеска таа беше во Тирана, а до 30 септември ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан.

Во меѓувреме, по конфузијата што се појави со изјавата на Фон дер Лајен за одвојувањето на Северна Македонија и Албанија за почеток на преговори со ЕУ, од Европската комисија попладнево потврдија дека нивната позиција не е сменета, јави дописничката на МИА од Брисел. На претседателката на ЕК утрово во Тирана и беше поставено прашање за одвојувањето на Албанија од Северна Македонија на кое таа одговори дека Албанија ги исполни сите услови за одржувањето на првата меѓувладина конференција и дека се прави сѐ за да се надминат пречките. 

На редовниот брифинг за новинари во Европската Комисија, денеска, портпаролите ја прецизираа оваа изјава. – Претседателката турка за одржување на Меѓувладина конференција за Албанија и за Северна Македонија пред крајот на оваа година, изјави Дана Спинант, портпаролка на ЕК.

Посетата на регионот на шефицата на ЕК се случува една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на 6 октомври во Словенија со лидерите од регионот. Од Европската Унија инсистираат дека овој самит нема да биде „самит за проширувањето“, туку можност да се разговара за односите на ЕУ и регионот.
Еден ден по посетата на Фон дер Лајен, утре во Скопје ќе допатува и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, кој минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ. 
ЕУ Заев Урсула фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.