НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Забрчанец: Владата го задржа првото место по транспарентност во регионот

0
By НОВА ТВ on September 28, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија Марјан Забрчанец, учествуваше на регионална конференција посветена на отвореноста на извршните институции во регионот, што денеска се одржа во Подгорица и преку видео врска.

За негувањето на принципите на транспарентност и отчетност на извршната власт говореа и претставници на владини институции и невладини организации од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.

Во правец на застапеност на овие принципи во регионот Регионалната мрежа на НВО „Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа“ (ACTION SEE) , подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки на централните власти на држави од Западен Балкан, според која Северна Македонија е прва, па следат БИХ, Црна Гора и Србија. Според досегашните мерења и критериуми на отвореност, како најотворена според нивото на отвореност и транспарентност во регионот е рангирана  Владата на Република Северна Македонија која исполнува дури 83.4% од критериумите.

Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Република Северна Македонија Марјан Забрчанец говореше во рамки на панелот „Отвореност на извршната власт на Западен Балкан и Црна Гора“.

– Горди сме што повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот. Да се биде на последно место во 2016 година, да се стигне до првото место и да се задржи првото место три години по ред, значи волја, одлучност, посветена работа и одговорност. Оваа Влада покажа високо ниво на политичка волја да ги отвори институциите. Воспоставуваме правила и стандарди со цел транспарентноста понатаму да не зависи од политичката волја и од тоа кој е на власт, туку да стане востановена пракса која е задолжителна за секоја институција. Со креирањето и усвојувањето на Стратегијата, Владата покажа сериозна намера отвореноста да ја инсталира како системско решение во сите институции, истакна Забрчанец.

Тој укажа и на алатките за обезбедување отвореност и транспарентност на Владата и во време на Ковид кризата кога беа отворени веб страни со едукација за мерките за заштита, дневни статистики, како и за јавните набавки поврзани со пандемијата.

– Во Ковид времето ја подобривме дигиталната комуникација, а и по завршувањето на пандемијата ќе продолжиме да ги користиме овие алатки. Ние сме прва Влада во регионот, а можеби и во Европа која воведе прес-конференции преку онлајн видео врски, во која можат да учествуваат сите  регистрирани и акредитирани новинари и директно  да поставуваат прашања. На овој начин и на новинарите од медиумите од внатрешноста им овозможивме директна комуникација со Владата, нагласи Забрчанец.

Националниот координатор за стратегиски комуникации Забрчанец потенцираше дека одговорно владеење значи постојано унапредување на отвореноста и отчетноста на институциите и со тоа кај демократските власти не смее да има компромис.

– Негувањето на принципот на транспарентност е прашање на одговорност на Владата. Ако сакате власт по секоја цена – ќе ги криете информациите, но ако сакате да работите во правец на унапредување на својата земја, ќе бидете транспарентни, рече Забрчанец.

Влада Збрчанец Транспарентрност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.