Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сојуз на стопански комори: Да се продолжи грејс периодот за „Ковид 3“ заради ликвидноста на претпријатијата

0
By НОВА ТВ Balaban on September 29, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 29, 2021 11:10

Неопходно е да се донесе одлука за продолжување на грејс периодот за враќањето на кредитите од кредитната линија Ковид 3 кои беа дистрибуирани преку Развојна банка, а кои доспеваат на крајот на овој месец, со цел одржување на кревката финансиска ликвидност на претпријатијата, соопштија денеска од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Оттаму посочуваат дека економски состојби во изминатиот период се подобрени, со очекување за постепено и стабилно закрепнување на економија од ефектите на пандемијата во оваа и во наредната година. Но сепак, како што напоменуваат во соопштение, и покрај поволните движења, неизвесноста во поглед на раст и натаму е висока, ризиците околу проекциите се претежно надолни на краток рок, а најпогодените сектори се уште работат со ограничувања.

– Согласно објавениот јавен повик за поднесување на кредитно барање за директно кредитирање на микро и мали претпријатија погодени од Ковид -19 – Ковид 3 беше предвидена директна финансиска поддршка на микро и мали трговски друштва, трговски поединци и занаетчии со рок на отплата до 3 години со вклучен грејс период до 6 месеци. Имајќи во предвид дека здравствено-економската кризата е се уште присутна, а деловната активност се извршува со ограничувања, обврската за враќање на кредитите добиени преку кредитната линија Ковид 3 кај претпријатијата може да предизвика дополнително нарушување на финансиска нестабилност, сметаат од Сојузот на стопански комори.

Во таа насока, од Сојуз на стопански комори истакнаа дека е важно создавање на можност за одложување на рокот на отплата на бескаматниот кредит од кредитната линија Ковид 3, односно продолжување на грејс периодот, по примерот како што беше направено со Ковид 2 кога со одлуки на Владата, Развојна банка објави јавен повик, со кој се понуди можност за кредитокорисниците на кредити од втората бескаматна кредитна линија „Ковид 2“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 (дванаесет) месеци.

Барањето за пресликување на истото решение и за кредитната линија Ковид 3 испратено е до Владата на РСМ, до Развојна Банка, како и до Министерството за финансии кое е договорна страна во овој случај, но засега се уште нема одговор.

-Постапувањето по поднесеното барање ќе придонесе кон одржување на активноста и ликвидноста на деловните субјекти во услови на криза. Истакнуваме и дека за поддршка на реалниот сектор треба да се размислува се додека имаме на сила рестриктивни мерки за извршување на деловната активност, бидејќи кризата трае премногу долго, а микро и малите претпријатија поради ограничени резерви се најчувствителни и најмалку отпорни на кризни состојби, се наведува во соопштението.

Како што информираат од Стопанската комора, од вкупниот број на активните деловни субјекти во земјава дури 99,8 отсто влегуваат во групата на микро, мали и средни претпријатија. Малите и средните претпријатија, вклучувајќи ги тука и микропретпријатијата, во македонската економија учествуваат со 80 отсто во креирањето на вработеноста во приватниот сектор, што според Сојузот на стопански комори, покажува дека тие се всушност столбот на нашата економија. 

„Ковид 3“ грејс периодот Сојузот на стопански комори на Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.