НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Државната новинска агенција МИА денеска слави 23 роденден

0
By Sashko on September 30, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонската Информативна Агенција (МИА) својата прва вест ја лиферуваше на денешен ден (30 септември) во 1998 година и оттогаш што почна со редовна продукција на информации за медиумите и граѓаните во Македонија, во прво време со фотографии и текст, а денес и со видео преноси во живо, целосен мултимедијален израз и присутност на социјалните медиуми.

МИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година. Својата работа ја почна со дваесетина новинари, а денес има 102 ангажирани лица, новинари, дописници, сниматели, фоторепортери, стручни служби и логистика, хонорарни соработници од државава и од странство.

Согласно мултимедијалната функционалност, МИА своите информации, дневните настани, авторските текстови – интервјуа, теми, стории и анализи и преноси во живо ги објавува на својата интернет страна и Јутјуб каналот на МИА, како и преку директно емитување на видеа на нејзината веб страна и профилот на Фејсбук , Инстаграм и Твитер. Агенцијата има потпишано договори за размена на вести и медимски продукти со сите државни агенции во регионот, како и со повеќе приватни агенции од соседството.

МИА, исто така, е дел и на информативните пулови на: „Дојче веле“ (Германија), „Слободна Европа“, „Гласот на Америка“, СТА (Словенија), ХИНА (Хрватска), БТА (Бугарија), АНА-МПА (Грција), АТА (Албанија), „Анадолија“ (Турција), АПА (Австрија), ЕФЕ (Шпанија) МИНА (Црна Гора), ФЕНА и СРНА (БиХ), „Агерпрес“ (Романија), „Танјуг“ (Србија), ФОНЕТ (Србија), БГНЕС ( Бугарија), „Укринформ“ (Украина), а соработува и со големите новински агенции – Европската фотоагенција ЕПА, германската ДПА, британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“, кинеската Ксинхуа, руската ТАСС, корејската Јонхап, итн.

Во интерес на медиумската писменост, МИА започна и сопствена агенциска школа за новинарство преку која го дава својот придонес за медиумска писменост и обуки за помлади новинари од другите медиуми како и студенти од факултетите кои сакаат да влезат во новинарската професија.

Школата стартуваше на 26 февруари минатата година и тогаш околу 30 искусни новинари од Агенцијата и други медиуми, новинари почетници, но и студенти по новинарство се обучуваа за покривање теми поврзани со Европската Унија, политиките на ЕУ, процесот на преговори на земја кандидат.

МИА е членка на ABNA – Асоцијација на новинските агенции на земјите од Југоисточна Европа и на Црноморската асоцијација на национални новински агенции – BSANNA.

Македонија медиум МИА роденден
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.