Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Курти по разговорите во Брисел: Договорот ги „учи“ Србите на реципроцитет

0
By Mirjana on September 30, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 30, 2021 18:06

Косовскиот премиер Албин Курти вели дека, со денешниот договор со српската страна за решавање на последниот спор по воведувањето на времените таблички за возилата кои влегуваат од Србија, Косово воспостави реципроцитет во однос на тој проблем, а со истото, како што порача, соседната држава ќе се соочува и во иднина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти на својот Фејсбук напиша дека условите кои ги поставил српскиот претседател Александар Вучиќ за решавање на кризата по одлуката на Владата во Приштина за воведување времени регистерски таблички за возилата, се одбиени, по што Белград, како што вели, „ќе се навикнува на реципроцитет“.

– Минатата недела претседателот на Србија постави четири услови за средба во Брисел на нашите претставници. Нормално дека тие не му се исполнија и вчера се одржаа разговори во Брисел. Сега почнува епохата во која Србија ќе се навикнува на реципроцитет“, порача Косовскиот премиер.

Тој појасни дека, според договорот постигнат денеска во Брисел меѓу специјалните претставници на Приштина и Белград, со посредство на Европската унија, на возилата кои влегуваат од едната во другата држава ќе им бидат покривани табличките со соодветните државни симболи.

– Реципроцитетот на регистерските таблички е воспоставен. Бидејќи на табличките на Република Косово во Србија ќе им се покрива државниот симбол, и на сите таблички од Србија, без исклучок, ќе им се покрива нивниот симбол на територијата на нашата држава, напиша Курти.

Во врска со специјалните полициски единици кои беа распоредени на граничните премини со Србија, Јариње и Брњак, по воведувањето на реципроцитетот со табличките, Курти информира дека тие ќе се повлечат по укинувањето на блокадите од косовските Срби.

– Специјалната единица на Полицијата на Косово замина во Јариње и Брњак на 20 септември за да ги брани премините и пограничната полиција од тие кои ги блокираа патиштата и слободниот проток. Со оглед дека тие ќе се оддалечат, нашата специјална единица нема зошто да остане таму, а ќе биде секогаш спремна за интервенција при секое такво или слично загрозување во иднина. Нормално, нашата погранична полиција и натаму ќе го спроведува реципроцитетот со табличките. КФОР ќе бие таму, околу две недели, за сé да биде безбедно, порача Курти

Договор курти Србија таблички
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.