НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обелоденети „Пандора документи”: Светски политичари и ѕвезди се сомничат дека криеле милиони долари на офшор сметки

0
By НОВА ТВ Balaban on October 3, 2021 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меѓу „крупните риби“ чии финансиски конструкции се откриени се поранешниот британски премиер Тони Блер, кралот на Јордан и кенискиот претседател Ухуру Кенијата, чешкиот премиер Андрехј Бабиш, украинскиот претседател Володомир Зеленски, мароканската принцеза Лалја Хасан…..

Повеќе од десетина шефови на држави и влади, милијардери, но и светски музички ѕвезди, криеле милиони финансиски средства на тајни офшор сметки во даночните раеви, се наведува во истрагата обелоденета денеска од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ).

Истрагата за таканаречените „Пандора документи”, во која учествувале околу 600 новинари од десетици светски медиуми, вклучувајќи ги „Вашингтон пост” и „Гардијан”, се темели на протекување на околу 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги ширум светот.

Милионите документи доставени до новинарите откриваат како светските лидери, милијардери и познати личности ги користат даночните раеви.

Меѓу „крупните риби“ чии финансиски конструкции се откриени се и поранешниот британски премиер Тони Блер, кралот на Јордан и кенискиот претседател Ухуру Кенијата, чешкиот премиер Андрехј Бабиш, украинскиот претседател Володомир Зеленски, мароканската принцеза Лалја Хасан…..

Банкарските сметки на офшор локациите често пати се користеле за тајно преместување огромни суми пари и прикривање на даночните обврски.

Истражувањето на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) и 150 медиуми низ целиот свет покажа дека 330 јавни службеници ширум светот се поврзани со офшор сметки.

Меѓу нив се министрите за финансии на Пакистан, Холандија и Бразил, како и поранешните министри за финансии на Малта и Франција – вклучувајќи го и поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс -Кан.

Еве до какви сознанија меѓу другото, дошле новинарите а пренесува Блумберг.

– Јорданскиот крал Абдула втори, поседува меѓународен имот во вредност од над 100 милиони долари вклучувајќи ја и вилата  на  калифорнискиот  брег  во Малибу, пренесе „Гардијан“. Кралските адвокати им рекле на новинарите дека не злоупотребил  никакви јавни средства и се однесува со интегритет и за најдобар интерес на својата земја и на нејзините граѓани во секој момент.

-Во низата твитови, пакистанскиот Имран Кан напиша дека неговата влада ќе ги истражи „сите наши граѓани“ наведени во документите. Во извештајот на  ИЦИЈ е наведено дека биле откриени седум политичари од Пакистан.

-Чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој оваа недела повторно ја бара довербата од граѓаните за негов избор, го скрил купениот француски дворец вреден 22 милиона долара во 2009 година користејќи ги корпорациите. Бабиш не одговори на барањата за коментар, наведува Вашингтон пост, пренесува Блумберг.

-Американските држави вклучувајќи ја  Јужна Дакота, Невада и Делавер, станаа скривалиште за финансиските тајни , а услугите познати дека се од доверба, им овозможуваат на богатите поединци да останат анонимни во своите финансиски дејствија , пишува Блумберг.

„Пандора документи” даночните обврски Ѕвезди офшор сметки Светски политичари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.