Нови 185 случаи на ковид-19 од 1.876 тестирања, 12 починати пациенти и 523 оздравени лица се регистрирани во последните 24 часа, информира Министерството за здравство (МЗ). Во најновиот дневен пресек на ситуацијата со коронавирусот во земјава се вметнати уште три смртни случаи (по еден во Скопје, во Гевгелија и во Струмица) во периодот од 29 септември до 3 октомври оваа година.
Најголем дел од новите случаи се евидентирани во Скопје – 99, во Велес и во Кочани – по 14, во Кавадарци – 12, во Штип – 11, во Свети Николе – осум, во Куманово – шест, во Охрид – пет, во Струмица – четири, во Прилеп, во Виница и во Пробиштип – по два, а во Гостивар, во Гевгелија, во Радовиш, во Крива Паланка, во Кратово и во Богданци по еден.
Во текот на изминатите 24 часа почина 12 лица – пет од Скопје (53 год., 75 год., 79 год., 79 год., и 79 год.) и по едно од Куманово (73 год.), од Кочани (90 год.), од Велес (83 год.), од Прилеп (70 год.), од Свети Николе (63 год.), од Охрид (78 год.) и од Крива Паланка (79 год) – сите во болнички услови.
Регистрирани сe 523 оздравени пациенти – од Скопје – 153, од Охрид – 98, од Струга – 73, од Куманово – 28, од Кочани – 19, од Велес и од Штип – по 18, од Тетово – 17, од Кичево – 14, од Кавадарци – 13, од Битола – 12, од Струмица – 10, од Свети Николе – седум, од Прилеп, од Гостивар и од Крива Паланка – по пет, од Пробиштип, од Берово и од Валандово – по четворица, од Виница, од Гевгелија, од Радовиш и од Кратово по тројца и од Неготино, од Ресен, од Дебар и од Делчево по еден.
Скопје – 83.902, активни – 5.496
Куманово – 11.506, активни – 995
Тетово – 10.828, активни – 892
Прилеп – 9.085, активни – 309
Гостивар – 7.959, активни – 450
Битола – 7.113, активни – 254
Велес – 6.280, активни – 347
Охрид – 5.983, активни – 486
Кавадарци – 5.960, активни – 230
Штип – 5.764, активни – 225
Струмица – 5.749, активни – 267
Кичево – 3.984, активни – 395
Струга – 3.795, активни – 312
Кочани – 3.292, активни – 159
Гевгелија – 2.423, активни – 86
Неготино – 2.319, активни – 36
Свети Николе – 1.911, активни – 111
Ресен – 1.537, активни – 80
Радовиш – 1.526, активни – 87
Дебар – 1.449, активни – 106
Крива Паланка – 1.441, активни – 89
Берово – 1.209, активни – 17
Делчево – 1.124, активни – 68
Виница – 1.037, активни – 50
Пробиштип – 918, активни – 32
Валандово – 819, активни – 20
Кратово – 578, активни – 59
Богданци – 552, активни – 18
Крушево – 529, активни – 22
Македонски Брод – 472, активни – 29
Демир Хисар – 445, активни – 30
Демир Капија – 411, активни – 5
Пехчево – 313, активни – 3
Македонска Каменица – 301, активни – 21
Дојран – 140, активни – 1
Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 192.654 од направени 1.301.702 милиони тестирања. Оздравени се 174.148, починати се 6.719, а активни случаи има 11.787.