НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Директорот на албанската полиција поднесе оставка, за опозицијата „еден криминалец помалку“

0
By НОВА ТВ on October 5, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот директор на албанската полиција Арди Велиу, кој на оваа функција беше изминатите четири години, поднесе неотповиклива оставка.

Веста доцна попладнево ја објави премиерот Еди Рама, со што стави крај на дилемата, присутна во текот на денов, дека Велиу е разрешен.

Преку твит тој го објави документот за оставка во кој Велиу наведува дека нема да бара друг мандат бидејќи „сака повеќе да се посвети на своето семејство и децата, кои овие четири години многу му недостасувале“.

Рама во објавата изразува највисока оценка за чесноста, професионалноста и посебната посветеност на Велиу и додава оти е убеден дека има уште многу да придонесе за државата на други задачи, заблагодарувајќи му се за неговиот значаен придонес.

Неофицијално се дознава дека функцијата генерален директор на Државната полиција ќе ја преземе Гледис Нано, актуелен директор за Управата за антитероризам.

Веднаш по објавата на Рама реагираше опозициската Демократска партија, чиј став го пренесе генералниот секретар Газмент Барди, кој оцени дека тоа е „еден криминалец помалку“.

Според него, заминувањето на Велиу кој им „служел на криминални групи и мрежи за трговија со дрога“ било принудно.

– Во текот на последните осум години Арди Велиу не е ниту првиот ниту последниот полициски директор што заминува во срам, предизвикувајќи голема штета на земјата и нејзините граѓани. Оваа приказна ќе се повторува сè додека Еди Рама е главниот партнер на организираниот криминал. Без заминување на Еди Рама, никогаш нема да има сериозна борба против криминалот, чесните полицајци ќе продолжат да се чувствуваат предадени и демотивирани, а сериозните криминални настани ќе продолжат да ги вознемируваат нашите градови, се наведува во реакцијата.

Албанија оставка полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.