НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: ЕУ мора да најде формула да го одржи својот збор пред нашите граѓани и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан

0
By НОВА ТВ on October 6, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕУ и Западен Балкан секогаш ќе бидат посилни заедно. Иако овој Самит не е исклучиво посветен само на проширувањето на ЕУ, сепак го отвора патот да се продолжи со разговорите кои ќе обезбедат спроведување на одлуките за проширување донесени во март минатата година. Се надевам дека во декември 2021 година ќе имаме вин-вин процес и исход, а не пораз-пораз. Сите ние тука имаме одговорност да го направиме ова. Ваквиот став го изнесе премиерот Зоран Заев на втората тематска сесија на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Брдо-Крањ во Република Словенија, посветен на проширувањето на ЕУ.

Заев нагласи дека е многу важно што на овој Самит е жив духот од јули оваа година, кога Словенија го презеде претседателството со ЕУ, и кога беше силно изразена посветеноста за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

– Верувам, и се надевам дека ќе го споделите со мене истото мислење, кога велам дека е потребен нов поттик за да се забрза процесот на донесување одлуки, бидејќи блокадата ќе продолжи да ги охрабрува ретроградните сили кои се противат на европското единство и вредности, коишто се вредности на земјите од Западен Балкан и кои ние ги прифативме и ги негуваме, рече Заев.

Тој кажа дека Северна Македонија презеде сѐ што беше неопходно и што беше потврдено како позитивно во март 2020 година, и е подготвена да направи и дополнителни прифатливи чекори, но и дека истата одговорност се очекува и од другата страна за вин-вин надминување на блокадата за проширување на ЕУ.

– Во духот на европските добрососедски односи, ќе ги интензивираме разговорите со нашиот сосед Бугарија и искрено ќе преземеме чекори во насока на решавање на отворените прашања. И досега покажавме подготвеност и конструктивен придонес во решавањето на билатералните прашања преку меѓусебно почитување и заштита на националното достоинство, но идентитетските прашања се едноставно невозможни за преговарање, нагласи Заев.

Северна Македонија ќе продолжи по патот на реформите, рече Заев, и додаде дека преку владините стратегии „Акција 2021“ и „Европа дома“, сериозно се имплементираат европските вредности.

– ЕУ мора да најде формула како да го одржи својот збор и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан. Граѓаните на Северна Македонија ќе видат огромен неуспех во политиките на Унијата доколку итно не им се испорача европската перспектива. Овој процес нема алтернатива, и затоа остануваме посветени на нашата стратешка цел – членство во ЕУ преку целосна имплементација на европските вредности и стандарди во Република Северна Македонија, кжа Заев.

ЕУ Заев Самит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.