НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Недела на италијанскиот јазик – со концерти, филмови, се одбележуваат 700 години од смртта на Данте Алигиери

0
By НОВА ТВ Balaban on October 7, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како заокружување на настаните посветени на Данте, на 19 ноември во Македонската опера и балет ќе биде изведена светската премиера на операта „Lapeggiamenti, amenità, querimonie et altri tremendi affetti nella nobilissima Florentia“, либрето од Клаудио Салтарели и музика од Џо Скетино, во изведба на македонскиот тенор Благој Нацоски и  баритонот Џанпјеро Руџери.

Многу културни настани промовирани од Амбасадата на Италија во Скопје се предвидени за 21. издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот, којашто годинава го одбележува јубилејот – седумстотини години од смртта на Данте Алигиери, поетот кој се смета за татко на италијанскиот јазик и на самата идеја за Италија.

Настаните ќе бидат од различен карактер, од музика до филм, од книжевна критика до опера, од уметност до дизајн.

Познатиот македонски пијанист Симон Трпчески, под диригентската палка на Габриел Бебешелеа, вечер во Филхармонијата во Скопје ќе ја изведе симфонијата „Данте“ и Концертот бр. 2 за пијано и оркестар на Франц Лист, со што ќе се отвори и концертната сезона на Филхармонијата.

На 18 октомври ќе се случи официјалното отворање на Неделата на италијанскиот јазик во светот со онлајн семинар на познатиот литературен критичар проф. Џулио Ферони од Универзитетот „Ла Сапјенца“ во Рим, добитник на наградата Виареџо 2020, во категоријата есеистика, со делото „Италија на Данте. Патување во земјата на комедијата“.

Вечерта, во Археолошкиот музеј во Скопје, ќе биде инаугурирана изложбата Рафаело, на која ќе може и преку интерактивна инсталација да се разгледуваат  делата на еден од најголемите ренесансни сликари на Италија .

На 19 октомври вечерта, во Кинотеката на Република Северна Македонија, ќе биде прикажан филмот „Пеколот“, во режија на Франческо Бертолини инспириран од илустрациите на Густаво Доре. Проекцијата на филмот ќе биде придружувана на пијано од пијанистот Марио Маријани.

На 21 октомври ќе биде претставен интеркултурен настан организиран од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, насловен „Светот на Данте во колективната меморија – јазични и визуелни аспекти“.

На 22 октомври ќе биде награден победникот на натпреварот за најдобар постер Данте 700, настан организиран од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје. Победнички постер визуелно ќе ја претставува Неделата на италијанскиот јазик.

Како заокружување на настаните посветени на Данте, на 19 ноември во Македонската опера и балет ќе биде изведена светската премиера на операта „Lapeggiamenti, amenità, querimonie et altri tremendi affetti nella nobilissima Florentia“, либрето од Клаудио Салтарели и музика од Џо Скетино, во изведба на македонскиот тенор Благој Нацоски и  баритонот Џанпјеро Руџери.

Љубителите на италијанската уметност и култура, исто така, ќе можат да ја искористат и специјалната промоција за купување италијански книжевни дела во многу книжарници во Скопје.

Амбасадата на Италија Данте Алигиери италијанскиот јазик Недела Филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.