НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложба на дела на неколку уметници како одговор на пандемијата

0
By Ана Василевска on October 9, 2021 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Надминување на уметноста“, е изложба- курирана од ликовната уметница Ивана (Ивна) Самандова и историчарката на уметност Ангела Витановска – посветена на последиците што пандемијата која сѐ уште ја живееме, ги предизвика во уметноста и кај уметниците.

Овој проект на почетокот беше сосредоточен на културните активности надвор од Скопје, односно, предвидуваше патувања и дискусии со граѓаните за нивните доживувања на културата, за погледите и сфаќањата кои ги имаат во врска со современата уметност и за нивната можна улога на двигатели во обликувањето на овие искуства.

„ Пандемијата темелно го измести жариштето на дискусијата од опстанокот на уметноста и културата вон главниот град кон опстанок на самата уметност како категорија и установа. Ползувајќи се со дигиталните медиуми, како, на пример, видео или фотографија, Дарко Алексовски, Јасмина Руневска Тодоровска, Горан Ристовски, Ѓорѓе Јовановиќ, Ана Јовановска и Соња Ставрова ги понудија своите творби како прекршена глетка на општествениот, економскиот, политичкиот или психолошки пораз искусен во добата на Ковид-19.“, информираат од Центарот Јадро.

Овие уметници предложиле специфичен обид за излевање на своите мисли во ликовен израз кој го одразува односот присуство-отсуство на уметникот, егзистенцијаната слабост и неизвесност, копнежот за бегство од „новата стварност“.

Делата од поставката го посредуваат минатогодишното искуство на создавање уметност во изолација. Од своја страна, придружното издание на изложбата – во кое покрај есеите на кураторките застапени се и прилозите на Џон Блеквуд и Бојан Иванов – го отвора просторот засегнат од овие дела и повикува да придонесете кон тековната дебата.

Публикацијата е достапна на на македонски (https://drive.google.com/file/d/1Erg6_hpKjbipAD6Ckl7IMYlzFJZqUNqz/view) и на англиски јазик (https://drive.google.com/file/d/1Oz7ZQFvrxdjOerPypZfgxw0XIO5Gei6W/view ).

Посетителите ќе можат да ги погледнат делата во КСП Центар-Јадро на 09.10.2021 (сабота) во 20:00. Воедно, на 14.10.2021 (четврток) во 19:00, ќе имаат можност да им се приклучат на кураторките и на уметниците на специјална онлајн дискусија на која домаќин е Јанка Вукмир од Институтот за современа уметност во Загреб.

дигитална изложба изложба Пандемија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.