Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европска Комисија: Бугарските пасоши за македонски граѓани е билетарално прашање во кое не се мешаме

0
By Sashko on October 12, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 12, 2021 09:06

Издавањето на бугарски пасоши за Македонци за Европската Комисија (ЕК) е внатрешна работа во која таа не се меша, јави дописничката на МИА од Брисел. Притоа е побаран став од Европската Комисија, откако бугарскиот претседател Румен Радев се повика на македонските граѓани со бугарски пасош и се произнесе за неговите очекувања за исходот од пописот во Северна Македонија.

Додека ЕК стои на ставот дека ниедна земја членка не смее да се меша во внатрешната политика на други земји, членки на ЕУ или не, таа нема став за механизмот на издавање бугарски пасоши за Македонци.

Натурализациите за кои прашувате не се поврзани за доделување на државјанство преку инвеститорски шеми, така што како што рековме и претходно ова е билатерално прашање, изјавија од портпаролската служба на Европската Комисија на прашањето на МИА.

Европската Комисија има регулации единствено за издавање на државјанство на инвеститори кои немаат вистинска поврзаност со државата од која добиваат пасош. Ова се однесува на случаи како Кипар каде бројни руски бизнисмени добиваат кипарско државјанство, а со тоа стануваат и државјани на ЕУ со право на слободно движење, единствено врз основа на скапи инвестиции во земјата.

Согласно ЕУ законите се бара, на пример, државјанството да не биде „продадено“, што значи да не се доделува преку етаблирање и управување со инвеститорски шеми за државјанство кои систематски водат до натурализација во замена со предодредени исплаќања и инвестиции – без вистинска поврзаност со земјата, велат од портпаролската служба на ЕК која се занимава со правда.

Земјите членки на ЕУ, велат од ЕК, имаат свои внатрешни правила за доделување на државјанство на граѓани од трети земји доколку тие исполнуваат одредени услови на интеграција и можат да докажат автентична врска со земјата во која добиле државјанство.

Билатерално прашање бугарски пасоши ЕК Македонија став
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.