НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако сте имале Ковид, дали ви е потребна вакцина? 

0
By Mirjana on October 12, 2021 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Foto; TNJT
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Таканаречениот природен имунитет варира од пациент до пациент, велат научниците. Имунизацијата сеуште е најдобриот избор по закрепнувањето од болеста, пишува во анализата  The New York Times

 Кога истакнатиот кошаркар на Орландо Меџик, Џонатан Ајзак, објасни зошто избрал да не се вакцинира против коронавирусот, влезе во дилема што трае со месеци: Дали луѓето кои имале „Ковид-19“, како г-дин Ајзак,навистина имаат потреба од вакцина?

Тоа прашање внесе поприлично искривени концепти за имунолошкиот статус на секој еден човек во националната дебата за мандатите за вакцини, со политичари, спортисти, професори по право и психијатри кои ја проценуваа релативната сила на таканаречениот природен имунитет наспроти заштитата што ја обезбедуваат вакцините.

Фото: greekcitytimes.com

Но, одговорот, како и речиси се околу вирусот, е комплициран.

Додека многу луѓе кои се опоравиле од „Ковид-19“ може да излезат релативно неповредени од втората „средба„ со него, силата и издржливоста на нивниот имунитет зависи од нивната возраст, здравствена состојба и сериозноста на почетната инфекција.

„Тоа е нешто што произлегува од природата на инфекцијата – може да бидете на најнискиот крај или многу високо, во зависност од тоа каква болест сте развиле“, рече Акико Ивасаки, имунолог на Универзитетот Јеил.

Оние со силен природен имунитет може да бидат заштитени од реинфекција до една година. Но, дури и тие не треба да ја прескокнуваат вакцината, велат експертите. За почеток, зајакнувањето на нивниот имунитет со вакцина најверојатно ќе им даде долготрајна заштита од сите варијанти.

„Ако сте се заразиле, а потоа сте се вакцинирале, имате суперсила“, рече Џенифер Гомерман, имунолог на Универзитетот во Торонто.

Фото: newsdio.com

Без тој поттик, антителата од инфекцијата полека ќе исчезнат, оставајќи ги луѓето оздравени од Ковид 19,натаму да бидат ранливи на реинфекција и на благи варијанти на  болеста или со варијанти/а можеби и подложни на ширење на вирусот кај другите.

Ова е истиот аргумент што се користи и околу дилемата за давање зајакнувачи на луѓе кои се целосно вакцинирани, рече Мишел Нузенцајг, имунолог на Универзитетот Рокфелер во Њујорк.

„По одреден временски период, или ќе зајакнете или ќе се заразите“, рече тој.

Тешко е да се анализира како се споредува имунитетот од инфекција и од вакцинација. Десетици студии навлегоа во дебатата и донесоа контрадикторни заклучоци.

Се појавија некои конзистентни обрасци: Две дози на mRNA вакцина произведуваат повеќе антитела, и посигурно, отколку инфекцијата со коронавирусот. Но, антителата од претходна инфекција се поразновидни, способни да одбранат поширок спектар на варијанти, отколку оние произведени од вакцини.

Студиите за издржливост и јачина на природниот имунитет се попречени од еден клучен недостаток. Тие, по дефиниција, ги оценуваат одговорите само на луѓето што го преживеале „Ковид-19“. Патот до природен имунитет е опасен и неизвесен, рече д -р Нузенцајг.

Само 85 проценти до 90 проценти од луѓето кои излегуваат позитивни на вирусот и се опоравуваат, имаат антитела што можат да се откријат на почеток. Силата и издржливоста на имуниот одговор потоа е променлива.

На пример, иако имунитетот добиен од вакцини и инфекции е споредлив кај помладите луѓе, две дози на mRNA вакцините ги штитат возрасните постари од 65 години, подобро од претходната инфекција.

Истражувањето објавено од тимот на д -р Ивасаки во мај покажа постепено зголемување на нивото на антитела со зголемена сериозност на инфекцијата. Според една студија, околу 43 проценти од закрепнатите луѓе немале забележливи неутрализирачки антитела – вид на антитела што е потребен за да се спречи повторна инфекција. Антителата кај околу 30 проценти од луѓето што се опоравуваат паѓаат на нивоа што не можат да се откријат ни по два месеца.

Други истражувачи може да најдат различни резултати во зависност од тежината на болеста кај учесниците, рече Фикаду Тафесе, имунолог од Универзитетот за здравство и наука во Орегон.

„Ако вашата група е само хоспитализирани лица, мислам дека шансата да имате детектирачко антитело е поголема“, рече д -р Тафес.

Во однос на квалитетот на антителата, има смисла дека инвазијата од жив вирус ќе произведе поширок имунолошки одговор отколку инјектирањето на единствениот протеин кодиран во вакцините, смета тој но и останатите.

Вирусот ќе ја стимулира одбраната во носот и грлото – токму таму каде што е потребни за да се спречи втора инфекција – додека вакцините произведуваат антитела главно во крвта.

„Тоа ќе ви даде предност во однос на отпорноста при последователна инфекција“, рече д -р Гомерман.

Фрагменти од вирусот, исто така, може да опстојуваат во телото со недели по инфекцијата, што му дава на имунолошкиот систем повеќе време да научи да се бори против него, додека протеините што ги носи вакцината брзо излегуваат од телото.

Неколку студии сега покажаа дека реинфекции, барем од претходните верзии на вирусот, се ретки.

На клиниката Кливленд, 1.359 здравствени работници останаа невакцинирани многу долг период, откако тестот за Ковид-19 кај нив покажа позитивен резултат, истакна д-р Набин Шрешта, лекар за инфективни болести на клиниката.

Но, наодите мора да се толкуваат со претпазливост, призна тој. Клиниката тестираше само луѓе кои беа видливо болни и кои можеби повторно се инфицирале но кои не произвеле симптоми.Учесниците во тестирањето имале просечно 39 години, така што резултатите можеби не се однесувале на постарите возрасни лица, кои би имале поголема веројатност повторно да се заразат.

Повеќето студии, исто така, ги следеа луѓето само околу една година, забележа д -р Шрешта. „Важно прашање е, колку долго заштитува, бидејќи немаме илузии дека ова ќе биде доживотна заштита“, рече тој.

Исто така, не е јасно колку добро имунитетот по инфекцијата штити од поновите варијанти. Повеќето студии завршија пред варијантата Делта да стане доминантна, а поновите истражувања се сеуште кревки.

Најшироко цитираната студија во корист на потенцијата на природниот имунитет против варијантата Делта доаѓа од Израел.

Фото: cnet.com

Инфекциите по вакцинацијата, беа 13 пати поверојатни од реинфекциите кај невакцинираните луѓе, а симптоматските инфекции, 27 пати почести од симптоматските реинфекции, се вели во студијата.

Но, експертите предупредија да не се доаѓа до заклучок врз основа на резултатите дека природниот имунитет е супериорен во однос на заштитата од вакцини. Вакцинираната група вклучува многу повеќе луѓе со состојби што ќе го ослабнат нивниот имунолошки одговор и од нив се очекува да имаат поагресивни  инфекции, истакна Бил Ксанаж, епидемиолог од Харвард Т.Х. Шан школа за јавно здравје.

Студијата, исто така, не ги опфаќа луѓето чија имунолошка одбрана можеби е зајакната со втора изложеност на вирусот.

За оние што имаат среќа да закрепнат од „Ковид-19“, вакцинацијата сеуште е идеален избор, велат експертите. Обезбедува масивно зголемување на нивото на антитела и речиси непробоен имунолошки штит-можеби дури и против идните варијанти.

Фото: khaleejtimes.com

„Тие се како ѕвездени камења во сите варијанти“, вели д -р Дуан Весеман, имунолог на Медицинскиот факултет Харвард.

Шарени графикони од неодамнешниот труд на д-р Весеман беа користени за убедување на пациентите закрепнати од Ковид, за огромната предност што би им се понудила, дури и со една доза, рече тој.

Без оглед на развојот на разбирањето на природниот имунитет, во еден момент постои речиси универзален договор меѓу научниците. За луѓето кои никогаш не биле заразени, вакцините се многу побезбедни и значи многу помало коцкање, отколку да се заразат со Ковид-19.

Многу луѓе кои се расправаат против вакцините ги наведуваат ниските стапки на смртност од Ковид-19 кај младите луѓе. Но, дури и навидум благи случаи на Ковид-19 може да резултираат со долгорочно оштетување на срцето, бубрезите и мозокот, или да ги остават луѓето да се чувствуваат исцрпено и лошо со недели до месеци, рече д-р Ивасаки.

„Никој не треба да се обидува да стекне имунитет преку природна инфекција“.

„Тоа е премногу опасно“.

(Текстот објавен на The New York Times е на Апоорва Мандавили- репортерка која се фокусира на науката и глобалното здравје. Таа е добитничка на наградата Виктор Кон за 2019 година за извонредност во известувањето за медицинската наука)

 

кај прележани Ковид-19 потребата од вакцина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.