Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК за НоваТВ: Утре ќе се знае колку од пријавените болни, изнемоштени и лица со ковид-19 ќе гласаат на локалните избори

0
By НОВА ТВ Balaban on October 15, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: aa.com.tr
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 15, 2021 16:35

Пријавени да гласаат ден порано од останатите поради здравствени причини, за Локалните избори, седми по ред, кои ќе се одржат в недела, се  и  476 лица со ковид-19 и лица во изолација. Посебно од оваа бројка, пријавени се 7921 болни и изнемоштени лица. Во казнено-поправните установи во земјата право да гласаат имаат 1899 лица, а во установи за вонсемејна грижа се пријавиле 351 лице. Право на глас имаат и шест внатрешно раселени лица, изјавуваат за НоваТВ од ДИК.

Од Државната изборна комисија нагласуваат дека колку од овие пријавени лица и ќе гласаат ќе се знае до утре изутрина .

– Не значи дека сите барања на лицата кои се пријавиле да гласаат и ќе бидат прифатени. Чекаме точни податоци од општинските изборни комисии и на првата прес-конференција на ДИК утре ќе ги објавиме бројките за тоа колку лица со ковид-19 и во изолација, болни и изнемоштени, ќе гласаат на изборите. Еве на пример, во Струмица од 332 барања од болни лица вкупно 328 се прифатени, а  4 барања се одбиени, според општинската изборна комисија. Што се однесува до затворениците, 1899 се со право на глас, а дали ќе го остварат тоа право  останува да се види утре – ни рече Адмир Шабани, портпарол на ДИК.

Од ДИК уште информираат дека за утрешниот ден ќе има на располагање една до две медицински екипи во секоја општина, за гласање на болните и изнемоштените лица и лицата со Ковид-19, како и за стационираните во старските домови.

Избирачите кои се наоѓаат на издржување мерка куќен притвор на денот на гласањето, а сакаат да гласат, за тоа ќе ја известат ОИК преку овластен полномошник и тоа најдоцна три дена пред денот определен за гласање, а тоа е до завчера, 13 октомври на полноќ.

(Љ.Б.)

болни гласање Дик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.