Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: Брзиот премин кон чистата енергија ЕУ ќе ја направи независен глобален играч

0
By НОВА ТВ on October 20, 2021 ВЕСТИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, October 20, 2021 18:56

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска на земјите-членки им кажа дека се „премногу зависни од гасот“, во контекст на тековната енергетска криза во која цените на бензинот се искачија на рекордни височини.

Фон дер Лејен ги повика земјите од ЕУ да ја намалат зависноста од природниот гас и ја истакна потребата од „зелениот договор“, јави Еуроњус.

-Брзата транзиција кон чиста енергија Унијата ќе ја направи понезависен глобален играч, рече Фон дер Лајен.

„Денеска Европа е премногу зависна од гасот и увозот на гас“, рече претседателката на ЕК пред пратениците.

-Одговорот има врска со диверсификацијата на нашите добавувачи … и, што е најважно, забрзување на транзицијата кон чиста енергија, додаде таа.

Фон дер Лајен ја повика ЕУ да ја забрза транзицијата кон чиста енергија од ветер и сонце, која може да се произведува во земјите и на крајот ќе биде многу поевтина од увезените фосилни горива.

Неодамнешниот раст на цените на бензинот ги погодија најранливите во ЕУ, а Фон дер Лејен повторно ги повика земјите -членки да ги прилагодат даноците и трошоците за енергија за да ги заштитат најсиромашните граѓани.

-Транзицијата кон чиста енергија е од витално значење не само за нашата планета. Тоа, исто така, е клучно за нашата економија и за одржливоста на цените на енергијата, рече таа.

Зелениот договор на Европската комисија има за цел до 2030 година да ги намали емисиите на штетни гасови со ефект на стаклена градина за 55 отсто и до 2050 година Унијата да ја направи неутрална на јаглерод.

енергија ЕУ Фон дер Лајен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 14, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

ВЕСТИ July 14, 2026

Во Брисел денеска се одржуваат четири меѓувладини конференции за пристапување во Европската Унија, што претставува…

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026

Мицкоски смени 8 министри

July 13, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.