Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: С. Македонија продолжува со исполнување на одредниците за визна либерализација

0
By Sashko on October 25, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 25, 2021 07:33

Спогодбата за стабилизација и асоцијација (САА) со Европската Унија (ЕУ) што беше потпишана во 2001 година ја поставува рамката за односите со Северна Македонија и вклучува политички, економски и технички дијалози. Во текот на извештајниот период, експертите се состанале во седум Поткомитети и една Специјална група. Комитетот за стабилизација и асоцијација, пак, се состана во во јуни оваа година при што фокусот на разговорите беше ставен на одлуката за отворање на пристапните преговори и постигнатиот напредок во унапредување на реформите, особено во областите на основите и зајакнувањето на добрососедските односи, нотира најновиот Извештај на ЕК за земјава.

Извештајот што беше објавен минатата недела во Стразбур, го посочува и фактот дека Северна Македонија е земја со статус кандидат за членство од 2005 година, со последователни препораки од Европската комисија (ЕК) за отворање на пристапните преговори од 2009 година, како и дека на 26 март 2020 година, Европскиот совет ја одобри одлуката на Советот за отворање на пристапните преговори со земјата.

Во делот на визната либерализација се наведува дека укинувањето на визите за граѓаните на Северна Македонија кои патуваат во Шенген зоната е во сила од декември во 2009 година, а Договорот за реадмисија е во сила од 2008 година. Во Четвртиот извештај на Комисијата од август во 2020 година, според механизмот за суспензија на визите, се заклучува дека Северна Македонија продолжува да ги исполнува одредниците за визна либерализација.

Северна Македонија, се посочува, продолжи да ја зголемува својата усогласеност со позициите и декларациите на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и активно учествува во мисиите и операциите на Унијата за управување со кризи во рамките на заедничката безбедносна и одбранбена политика.

Во однос на билатералната поддршка на ЕУ за Северна Македонија во рамки на Инструментот за претпристапна помош II (ИПА II) во 2014-2020 година изнесува 633 милиони евра или 104 отсто од средствата доделени со ревидираниот Стратешки документ за земјата. Неговата имплементација напредуваше врз основа на секторскиот пристап и инклузивно програмирање.

Како одговор на пандемијата на ковид-19, четири милиони евра се насочени за итна медицинска опрема и 62 милиони евра за социо-економски мерки за закрепнување. Конкретно, наградата за успешност од 50 милиони евра во 2020 година беше пренасочена кон одговор на здравствените потреби, за ублажување на економските и социјалните ефекти од кризата и за поддршка на земјата во нејзините напори за интеграција во ЕУ. Како дел од поширокиот одговор на ковид-19, ЕУ исто така стави на располагање шема за макрофинансиска помош од 160 милиони евра што е целосно исплатена.

Комисијата издвои 70 милиони евра грантови од ИПА II за партнерите од Западен Балкан за да им надомести на земјите-членки за препродажбата на дозите што ги добиле во рамките на Договорите на ЕУ за набавка на вакцини против ковид-19 со производителите на вакцини од кои Северна Македонија доби 8,2 милиони евра. Првите вакцини што беа обезбедени во рамки на овој грант беа 651.000 дози од „Фајзер“ за регионот од кои речиси 120.000 за Северна Македонија, беа испорачани од Австрија, меѓу мај и август во 2021 година. Со дополнителни донации од земјите-членки на ЕУ вкупно обезбедени дози од тимот Европа достигна речиси 350.000 до почетокот на октомври.

„ИПА II продолжи да ѝ помага на земјата да ги постигне клучните реформи, вклучително и во областа на владеење на правото, управување со јавните финансии, економско управување и јавна администрација. Граѓанското општество и приватниот сектор имаат придобивки од важната поддршка на ЕУ што обезбедува можности за раст и развој во поволна средина. Северна Македонија, исто така, има корист од посветената поддршка на ЕУ за заштита на животната средина и зајакнување на поврзаноста со транспортните системи на ЕУ, стои во Извештајот.

При тоа се додава дека продолжува поддршката за земјата во рамките на програмите за повеќе земји и регионални ИПА, како и со учество во пет програми за прекугранична соработка и во една програма за транснационална соработка. ЕУ, исто така, го поддржува учеството на земјата во 12 програми на Унијата со 40,3 милиони евра.

Со Регулативата ИПА III за финансискиот период 2021-2027 година ќе продолжи обезбедувањето на финансиска поддршка за регионот и, исто така, ќе се финансира и Економскиот инвестициски план (ЕИП) за Западен Балкан кој тежи девет милијарди евра.

„ЕИП, придружена со Зелената агенда за Западен Балкан, беше договорена од Комисијата и земјите од регионот во октомври 2020 година и има за цел да го поттикне долгорочното економско закрепнување на регионот, да поддржи зелена и дигитална транзиција и да поттикне регионална интеграција и конвергенција со Европската Унија“, се наведува во Извештајот на ЕК за реформскиот напредок на земјата.

Визна либерализација ЕК ЕУ Извештајн Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.