НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на координација ги покани коалициските партнери-Оставката на премиерот повлекува оставка на целата Влада пропишува Уставот

0
By НОВА ТВ Balaban on November 1, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот во оставка Зоран Заев ден по вториот круг од локалните избори и јавно соопштената одлука дека се повлекува од претседателските позиции во владата и во партијата, ги свика партнерите од коалицијата односно од парламентарното мнозинство на координација во владата, веројатно да ги извести за новонастанатата ситуација но и да се изанализира изборниот скор преточен во градоначалнички и советнички мандати, и да се изгради стратегија што и како  понатаму за изборот на нов премиер.

Дел од коалиционите партнери на Заев, кои ги консултира НоваТВ, велат до овој момент не се известени за средбата, но и дека до сега ваквиот вид состаноци биле редовна практика и е потребно да се одржи со цел да се чуе изворно одлуката за оставка.

Во меѓувреме јавноста и стручната фела ја коментираат актуелната ситуација повикувајќи се на членот 93 од Уставот на Република Северна Македонија во кој меѓу другото стои:

„Оставката на претседателот на Владата, неговата смрт или трајна спреченост да ја врши функцијата, повлекуваат оставка на Владата“.

Според овие одредби од Уставот, освен избор на нов премиер, треба да се бира и нова Влада, од страна на мнозинството во Собранието.

Бидејќи Заев сугерира да нема предвремени парламентарни избори, тоа значи дека новата Влада ќе се крои со гласање во Собранието. Односно, мнозинството пратеници да ја состави новата Влада.
Што се однесува до собранискиот деловник, и тој ја регулира постапката во случај на оставка на претседателот на Владата. 

Според член 219 од собранискиот деловник „оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи.Оставката претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на републиката”.

Понатаму, во член 220 е предвидено Собранието на првата наредна седница да констатира дека мандатот на претседателот на Владата престанува на денот на седницата.

Заев ја извршуваше премиерската функција од од 31 мај 2017 година, со што освои втор претседателски мандат на 15 јули минатата година. Заев беше претседател на СДСМ од 2013 година. 
(М.Т.)

 

93 ЧЛЕН ОД УСТАВОТ Заев координација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.