НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За што поголема родова еднаквост во Црквата: Папата назначи прва жена на чело на Гувернатот на Ватикан

0
By Sashko on November 4, 2021 СВЕТ
Фото: alfayomega.es
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Папата Франциск ја назначи првата жена на чело на Гувернатот на Ватикан, сестрата Франциска Рафаела Петрини, продолжувајќи ги напорите за постигнување поголема родова еднаквост во Црквата. Како генерална секретарка на Гувернатот, италијанската калуѓерка (52) ќе биде задолжена за надгледување на административните операции, особено на музеите на Ватикан, поштата и полицијата.

На тој начин, таа ќе стане највисоко рангирана жена во најмалата земја во светот. Според онлајн списанието „Католик Нешнл Репортер“ (Catholic National Reporter), оваа функција традиционално ја извршувал бискуп.

Папата Франциск (84) во неколку наврати изјави дека жените имаат поважна улога во Католичката црква.

Во јануари тој го смени законот за да им дозволи да читаат на литургии, да служат на олтарот и да се причестуваат, но не спомена дека овие измени еден ден би можеле да им дозволат на жените да бидат свештенички.

Во февруари, тој назначи жена за потсекретар на бискупскиот Синод, што беше првата жена со право на глас во тело кое ги проучува важните прашања од доктрината, потсетува Хина.

Во 2016 година, папата формираше комисија со задача да ја проучува историјата на жените ѓакони за време на раните години на Католичката црква во процес што евентуално би можел да го отвори патот за жените до таа позиција денес, се надеваат реформаторите. Но, заклучоците на таа комисија не ги исполнија очекувањата и папата го продолжи проучувањето на ова прашање за уште една година.

Ватикан Гувернат Папа Франциск Свет Сестра Франциска Рафаела Петрини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.