Роберт Спано денеска ја завршува посетата на Македонија. По работниот дел од исполнетата агенда со обврски, денешниот ден е резервиран за слободни активности, па заедно со неговиот домаќин, министерот за правда, Бојан Маричиќ го посетија Охрид.
Маричиќ и Спано се прошетаа низ градот, високиот гостин имаше можност да види дел од убавините на нашиот туристички бисер, а од земјава, покрај со прекрасните спомени и задоволство од сработеното од работниот дел на агендата, заминува и со традиционална македонска ракотворба.
„Ми беше особена чест што бев домаќин на претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано. Северна Македонија успеа да изгради многу пријателства и тоа е наше големо богатство“, напиша Маричиќ во пост на неговиот Фејсбук профил што го збогати и со неколку фотографии со Спано од Охрид.