НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Топлотниот бран ги „избеле“ коралите од Големиот Корален Гребен кај Австралија-појава повторно евидентирана по 23 години

0
By Mirjana on November 8, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 98 отсто од Големиот Kорален Гребен кај Австралија е погоден од штетната појава на избелување на коралите. Според трудот објавен минатата недела во стручното списание „Курент бајолоџи“ (Current Biology), ова е четврта ваква поголема појава на избелување по 1998 година, а само два отсто од тоа големо подводно тело овојпат го избегнало влијанието.

Топлотните бранови ги избелуваат коралите. Водечкиот автор Тери Хјуз од АРЦ – Центарот за истражување на корални гребени при Универзитетот „Џејмс Кук“ смета дека јачината, но и зачестеноста на топлотните бранови коишто предизвикуваат избелување на коралите се зголемуваат.

Ова е предизвикано од топлотен удар, т.е. раст на температурата на морето. Коралите, всушност, притоа ги отфрлаат алгите кои вообичаено живеат врз нивното ткиво, со што ги губат своите вообичаени бои. Но, Големиот Корален Гребен за кусо време претрпе три големи избелувања – во 2016, 2017 и 2020 година, што сериозно го наруши здравјето и опстанокот на коралите.

Научниците во јули објавија дека коралите покажале одредени знаци на закрепнување во текот на изминатата година, но признаваат дека шансите за опстанок на овој екосистем долг 2.300 километри се мали на долг рок. Влијанието на овие фактори се зголемува со климатските промени.

Истражувањата покажаа дека коралите кои претходно биле изложени на топлотни бранови биле помалку подложни на натамошни штетни влијанија. Но, стручњакот Шон Коноли од Истражувачкиот институт „Смитсонијан“, сепак, предупредува дека зачестеното избелување ќе ја намали отпорноста на гребенот.

– На коралите им треба време да заздрават пред повторно да бидат изложени на тој топлински стрес, за да можат да создадат млади единки што ќе се рашират низ уништените делови на гребенот. Исклучително е важно да се намали влијанието на климатските промени, нагласува Коноли.

Австралиската економија во голема мера се потпира на употребата на фосилни горива, а земјата е еден од најголемите светски извозници на јаглен и нафта, па австралиските власти се спротивставуваат на промената на тие навики.

коралите крај Австралија побелуваат резултат на топлотен бран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025

Дачиќ по синоќешните протести во Србија: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир

August 17, 2025
ФОКУС

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

ВЕСТИ August 17, 2025

Најмалку 21 лице денеска беше убиено од израелски оган додека се обидувале да добијат помош…

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Гоцевски: АРСМ – перманентен стабилизатор на независноста и суверенитетот на македонската држава

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.