НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раководството прифати понуда: Аеродромот во Сиднеј се продава за 17,5 милијарди долари

0
By Sashko on November 8, 2021 СВЕТ
Фото: australianaviation.com.au
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Раководството на аеродромот во Сиднеј денеска соопшти дека е согласно на понуда од 17,5 милијарди долари на австралиски инвестициски конзорциум за преземање на менаџирањето што доаѓа по само неколку дена од повторното делумно воспоставување на меѓународни патувања.

Одборот на директори на аеродромот едногласно ја одобри продажбата на Сиднеј Авиејшн Алијанс (Sydney Aviation Alliance), конзорциум од инфраструктурни инвеститори и австралиски пензиски фондови, и им препорача акционерите да гласаат „за“.

Алијансата понуди 8,75 долари по акција или 23,6 милијарди австралиски долари (17,5 милијарди американски долари), откако сите понуди во последните месеци беа одбиени како премногу ниски.

Денешното соопштение е кулминација на повеќемесечниот ангажман меѓу сите страни. Управниот одбор на аеродромот во Сиднеј верува дека резултатот ја одразува соодветната долгорочна вредност за аеродромот, се вели во изјавата на претседателот на аеродромот во Сиднеј, Дејвид Гонски.

Соопштението доаѓа по делумното повторно отворање на меѓународната граница на Австралија, речиси 600 дена од почетокот на едно од најтешките затворања на границите во светот поради пандемијата на ковид-19.

Продажбата на аеродромот подлежи на одредени услови, вклучително и независна експертска проценка. Се очекува акционерите да го разгледаат договорот на состанок во првиот квартал на 2022 година, а за одобрување е потребно мнозинство од 75 проценти.

аеродром продажба Свет Сиднеј
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.