Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус, кој е во затвор за убиство на својата девојка Рив Стинкамп, наскоро би можел да се сретне со нејзините родители. Тоа е дел од процесот што води кон разгледување на условно ослободување на осуденикот.
Писториус има право на условно пуштање од затвор по отслужување на пола од казната. Но, прво мора да учествува и во т.н. „ресторативна правда“, што се сосредоточува на рехабилитација на сторителот преку помирување со жртвите или заедницата како целина.
Писториус ја уби Стинкамп во 2013 година, потоа правдајќи се дека мислел дека таа е натрапник во неговиот дом во Преторија. Испукал неколку куршуми во вратата од бањата. Во 2015 година тој беше осуден на 13 години и пет месеци затвор.