Силно невреме во делови на југоисточна Кина донесе рекордни снежни врнежи. Во градот Шенјанг, во провинцијата Лиаонинг, просечната висина на снежната покривка достигна 51 сантиметар, што е најголема количина на снег што е забележана во последните 116 години, односно од 1905 година.
Студениот бран ја зафати земјата во неделата, а температурите се намалија за најмалку 14 степени во некои делови од североисточна Кина. Железничките и автобуските станици се затворени, освен во градовите Далиан и Дандонг. Властите прават напори да се овозможи загревање на домовите.
Зголемен е увозот на јаглен и максимално е зголемено производството на енергија. Од продавниците е побарано да ги зголемат залихите на храна и да ги намалат цените.