НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проектот „Градиме култура, сликаме култура“ ја актуелизираше мурали-уметноста

0
By Mirjana on November 11, 2021 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ѕидната мурали-уметност во моментов го доживува врвот на својата актуелност во Македонија, благодарение на сè повеќето проекти кои се спроведуваат и им овозможуваат на младите ликовни артисти да ги преточат своите визии во парче ѕидна уметност.

Еден таков проект кој осамна е „Градиме култура, сликаме култура-мурали за 30 години независност“. Во проектот се вклучени повеќе ликовни уметници кои на различни локации и во различни градови ширум Македонија насликаа мурали со личности и настани кои имаат значаен придонес во развојот на културата и историјата на Македонија. Мурали се сликаа во Велес, Кавадарци, Струга, Крива Паланка, Богданци и Кратово.

Па, така Велес доби нов мурал кој преку илустративна визуелизација со цртеж во комбинација со текст ја претставува песната „Ленка“ од Кочо Рацин. Муралот е дело на Бранкица Јордановска, а текстот од песната кој е дел од муралот е изработен од дизајнерот Ласко Џуровски според анализи на оригинални документи со ракописот на Рацин.

Муралот во Кавадарци ги претставува кавадаречките уметници Иван Мазов-Климе, Никола Бадев, Зафир Хаџиманов, Глигор Чемерски, Петар Мазев и Симон Шемов, кои имаа значаен придонес во развојот на државата и создавањето и зачувувањето на културното наследство. Муралот е насликан на фасадата на Домот на културата во Кавадарци, а негови автори се Симона Манчева и Никола Иваноски.

 

Струга доби нов мурал насликан на Домот на културата. Муралот е посветен на дејноста на истакнатиот писател и општествено-политички работник Владо Милески. Симболиката на „струшкиот вез“ асоцирајќи на неговиот „Разбој“ и „Денес над Македонија“ се главните носачи кон естетизирање на идејата, вели Горан Ристовски, автор на муралот.
Во Крива Паланка се црташе мурал на тема Илинденското востание и Народноослободителната борба. Муралот е инспириран од мозаикот на Борко Лазески кој се наоѓа во с. Сливово, Охридско, и е со должина од 25 метри. Автор на муралот е Давор Кешќец, а во изведбата му помогнаа Марија Трајаноска и Стефан Младеновски.
Богданчани добија нов мурал, на кој се насликани македонските легенди Ѓорѓи Колозов и Ванчо Петрушевски, родени во Богданци. Муралот е дело на уметницата Емилија Мишева а е насликан на Домот на културата во Богданци.

Муралот во Кратово ја претставува Вања Лазарова, синоним за македонската изворна песна и негувателка на фолклорот, родена во кратовското село Страцин. На муралот е претставена и кратовската кула како еден од највпечатливите симболи на градот. Муралот е дело на Ненад Тонкин.

Мурал Кратово Извор; Фејсбук

Проектот „Градиме култура, сликаме култура – мурали за 30 години независност“ е поддржан од Владата. Носител на проектот е „Фрагмент Комуникации“, а извршител задолжен за спроведување на уметничката и креативна содржина е „Студио КР7“.

Марија Поповска

мурали уметност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.