НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гебрејесус го критикуваше вакцинирањето со трета доза против ковид-19, во услови на ниско ниво на вакцинација во сиромашните земји

0
By Mirjana on November 12, 2021 ЗДРАВСТВО, СВЕТ
Фото: politico.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ја критикуваше масовната употреба на трета доза на вакцина против коронавирус во услови на ниско ниво на вакцинација во земјите со низок приход по глава на жител. За време на денешниот брифинг во Женева, тој го опиша како скандалозен фактот што дневниот број на испорачани засилувачки вакцини е шест пати поголем од бројот на луѓе кои примиле прва доза во земјите со ниски приходи.

– Секој ден во светот се даваат шест пати повеќе засилувачки дози, отколку први дози во земјите со ниски приходи. Ова е скандал што мора да престане, рече тој.

Според него, „нема смисла да се даваат трети дози на здрави луѓе или да се вакцинираат деца кога, истовремено, здравствени работници, повозрасни лица и луѓето од други ранливи групи сè уште ја чекаат својата прва доза“. Исклучок се луѓето со ослабен имунитет.

Гебрејесус нагласи дека „земјите со највисоко ниво на вакцинација продолжуваат да складираат уште повеќе вакцини против Ковид-19, додека земјите со ниски приходи продолжуваат да чекаат“.

Има само две земји во светот кои се уште не започнале со вакцинација – Еритреја и Северна Кореја.

Генералниот директор на СЗО потсети дека организацијата има поставено цел до крајот на оваа година да достигне најмалку 40 отсто вакцинирано население против коронавирус во сите земји низ светот.

Гебрејесус за трета доза вакцини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.