Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во сила до 15 март: Од денеска задолжително поседување на зимска опрема во возилата

0
By Sashko on November 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 15, 2021 07:53

Од денеска стапува на сила задолжителното поседување на зимска опрема што ќе трае до 15 март, согласно утврдените одредби во Правилникот за задолжителна опрема на возило, велосипед и запрежно возило за безбедно учество во сообраќајот на патиштата, како и на трактори за безбедно извршување на земјоделски, односно шумски работи.

Согласно Правилникот, како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), како дел од зимската опрема на моторните возила со најголема дозволена маса што не надминува 3.500 килограми, возачите треба да поседуваат зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и ширина од четири милиметри, пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и ширина, со минимум од најмалку четири милиметри, ако возилото во приборот поседува синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Под зимска опрема за моторни возила со погон на четири тркала (4×4) се подразбира зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и ширина од шест милиметри и пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и ширина со минимум од најмалку четири милиметри. Ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

Како зимска опрема на моторните возила со најголема дозволена маса која надминува 3.500 килограми се подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и ширина од шест милиметри и пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и ширина, со минимум четири милиметри, ако возилото во приборот има синџири за снег со соодветна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние кои на својата бочна страна имаат ознака „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Во согласност со важечкиот Правилник за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.

МВР апелира до граѓаните да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.
возила зимска опрема Македонија МВР сообраќај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.