НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Музеи од С Македонија, Србија и од БиХ дел од проект за подобрување на пристапноста за лицата со попреченост

0
By Ivana on November 15, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Северна Македонија заедно со Националниот музеј во Кикинда и Роднокрајниот музеј Књажевац  од Република Србија и Роднокрајниот музеј Високо во Босна и Херцеговина е дел од регионален проект кој се спроведува во тековнава и наредната 2022 година, дизајниран да ја подобри пристапноста до музејските програми и активности за лицата со попреченост.

Од Фондот на холокаустот на евреите од Македонија информираат дека оваа регионална иницијатива е иницирана од Милена Милошевиќ Мициќ, музејски советник и историчар на уметност од Роднокрајниот музеј Књажевац, во соработка со колеги од Битола и Сараево.

Проектот ќе се реализира преку низа активности, а првиот чекор за подобрување на пристапноста на музејот е идентификација на постоечките бариери кои стојат на патот за вклучување на лицата со попреченост во музејските програми и активности. Покрај подготовката на студија за пристапност за секој од четирите музеи, проектот ги вклучува и следните активности: обука и размена на искуства, изработка на дигитални елементи, како што се QR кодови, изработка на аудио-видео материјали со толкување на мајчин јазик, англиски и знаковен јазик, изработка на тактилни елементи за лица со оштетен вид и слепи лица.

Меѓу активностите што ќе се спроведат се и изработка на материјали на Брајово писмо за толкување на музејски збирки, набавка на дидактички помагала и играчки, подготовка и изработка на веб-страница со интерактивна мапа на музеи на Балканот, изработка на 3Д модели на предмети од музејски збирки, набавка на опрема (по два таблети со слушалки за секој музеј учесник) и организација на меѓународна обука (вебинар).

Сите проектни активности ќе се реализираат во соработка со експерти од четирите партнерски музеи и претставници на здруженија на лица со попреченост. Тимот на проектот се состои од четири музеи, членови на Балканската музеска мрежа: Аида Вежиќ, Аида Миа Брулисауер, Ирена Ружин и Милена Милошевиќ Мициќ.

-Многу сум среќна што преку овој проект ќе имам можност да го споделам моето искуство и знаење што ги стекнав како член на Балканската група за пристапност на музеите. Веќе пет години правам студии за пристапност на музеите низ целиот регион, а ја имав привилегијата да учам од најдобрите во оваа област, изјави членката на тимот Ирена Ружин од Битола.

Проектот „Подобрување на пристапноста на музеите на Балканот за лицата со попреченост“ (Making Balkans Museums More Accessible to Лица со посебни потреби) е финансиран од Амбасадата на САД во Белград, преку Програмата за мали грантови за алумни. Проектот се спроведува во партнерство со Балканската музејска мрежа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.