Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По 13-ти пат Фестивал на музика од светот во Битолa – настан од глобален карактер кој припаѓа на светското културно наследство

0
By Mirjana on November 16, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 16, 2021 14:12

Овој викенд  Битола ќе биде музички центар на единствениот фестивал во нашата држава, кој ја слави музиката која влегува во категоријата •world music•, традиционална музика на секој народ на светот која има глобален карактер и припаѓа на светското културно наследство.

Три  дена музика, концертни амбиенти и сите фестивалски луѓе заедно и на официјалната програма на големата сцена на Центарот за култура кој е организатор на фестивалот и во ОФФ програмата која ќе се случи во Клубот Јагода, кој е центар на електронската музичка сцена во овој град.

Новото разбирање на културата на звукот за овој музички жанр, зачнато е во почетокот на 80-тите години како компромис помеѓу традиционалните музички култури и современите музички текови. И ова е музичката мисија која ја негува овој фестивал.

Оттука, селекторот Владимир Димовски, годинава се одлучи за програма која ќе биде патување од танго, преку џез, до етно звуци од Балканот и македонски шлагери, како и вклучување на електронската музика во неофицијалната програма.

На првиот фестивалски ден ќе настапи LIBERQUATRO TANGO ENSEMBLE од Србија.

Состав кој тангото го комбинира со џез  во мелодиски и ритмички обрасци кој се фаворизира ширум светот под именителот на •world music•.

Балканскиот славеј, Билјана Биља Крстиќ, во сабота, на втората фестивалска вечер ќе настапи придружувана од Камерниот оркестар на Битола. Светски познатата српска пејачка има издадено повеќе албуми.

Нејзината музика е ставена на листата на •world music• оттука и нејзиното присуство на овој посебен фестивал.

На последната фестивалска вечер, грст македонски евергрини ќе испеат вокалните солисти Бојан Стојков, Димитар Андоновски, Јасна Димитровска, Зарина Прва Севда, Тамара Стојковска и Нико Ѓоргиевски на концертот на Битолскиот дувачки оркестар.

“Музиката ја има таа моќ да не прошета низ минатото, сегашноста и иднината, да ни открие цели светови и да не сокрие во еден подобар универзум.
Нашиот фестивал силно ја прегрнува музиката од светот, и го отвора срцето на градот, претворајќи го во лулка на уметноста. Во трите фестивалски денови ќе се слеат различни музички правци, а нашиот фестивал ќе стане пристаниште на домашни и странски уметници кои го говорат универзалниот јазик на музиката.
Радост е да бидеш директор на Фестивал на музика од светот, особено во едно време на предизвици, кое не потсети на минливоста на животот и бесмртноста на уметноста. Затоа нека живее уметноста која ќе го спаси светот и ќе го обои во боите на надежта” – напиша Маја Андоновска Илијевски во каталогот кој го издава фестивалот.

Фестивалот последните години има и своја ОФФ програма, годинава локацијата за истата е центарот на електронската музика во тој регион, Клубот Јагода, со гости ДЏ артисти од Грција и домашна локална поддршка. Фестивалот е поддржан од  Министерството за култура и Општина Битола.

Битола ГЛОБАЛЕН НАСТАН светско културно наследство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.