Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Северна Македонија ги дели вредностите на Алијансата, а како кандидат за членство во ЕУ ги промовира европските вредности

0
By НОВА ТВ Balaban on November 17, 2021 ПОЛИТИКА
фото: архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 17, 2021 13:50

Во годината кога одбележуваме 30 години независна држава, Република Северна Македонија како рамноправен партнер во најмоќниот безбедносен и политички сојуз – НАТО ги дели вредностите на Алијансата, а како кандидат за членство во ЕУ ги прифати и ги промовира европските вредности како резултат на слободно изразената волја на народот и низ политичките институции, објави на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Во временската линија на развојот на нашата државност, денешниот ден, 17 ноември, е запишан како ден кога во 1991 година, во Собранието на Социјалистичка Република Македонија беше усвоен Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на сувереноста и самостојноста на 8 септември, откако претходно беше усвоен нацрт-амандманот за бришење на атрибутот „Социјалистичка“ пред името на државата.

Историјата уште запиша дека пратениците од првиот мандат на плуралното Собрание од 1991 до 1994 година го дадоа својот исклучителен придонес во процесот на градење на македонската парламентарна демократија, и во креирањето и донесувањето на неопходните државотворни акти и документи со кои јасно се трасираше патот за изградба на самостојна и независна држава. Во мандатот на пратениците од првиот пратенички состав беше распишан референдумот за независност, беше усвоен првиот устав на независна Република Македонија и беа утврдени државната химна и знаме како темелни обележја на независната и суверена македонска држава.

Во трите декади што следеа по овој историски настан, Уставот на Република Северна Македонија, беше дополнет со амандмани уште во осум наврати за да бидат вградени сите неопходни и институционални и идентитетски атрибути на една самостојна и суверена држава според стандардите на домашното и меѓународното право, напиша Заев. 

Алијансата вредностите Зоран Заев Фејсбук профил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.