Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанска комора: Задолжително тестирање еднаш неделно на невакцинираните вработени во приватниот сектор

0
By НОВА ТВ Balaban on November 17, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 17, 2021 14:49

Трошокот за тестирање со брзи антигенски тестови се проценува дека треба да е на терет на работникот, за да се постигне подигнување на степенот на имунизација во пократок временски период и да се спречат мутациите на вирусот, истакна Трајковска.

 

Сведоци сме дека Владата на РСМ во справувањето со пандемијата COVID-19, донесе и во континуитет носи разни мерки и препораки за да го превенира и спречи ширењето на вирусот. При тоа, се креираа политики и носеа протоколи кои се однесуваат на организирањето и на работните процеси, одржувањето на настани (состаноци, курсеви, обуки), одвивањето на воспитно – образовните дејности и други. Но, сведоци сме дека Стопанската комора на Северна Македонија од самиот почеток на пандемијата континуирано ги следи состојбите со здравствената криза и нивното влијание врз деловниот континуитет на компаниите и превзема иницијативи и конкретни чекори кои се темелат на сериозни анализи, истакна м-р Анета Трајковска, потпретседател во Стопанската комора на Северна Македонија на денешната прес- конференција.

 

Во тој контекст, на денешната прес- конференција, која е резултат на спроведена Анализа и сериозна дискусија низ органите и телата на Комората на кои се иницира дека по примерот на некои држави од соседството и пошироко, заради превенција на здравјето на вработените во приватниот сектор и истовремено за непречено одвивање на работните процеси, потребно е и во нашата држава да се предвидат определени задолжителни мерки за вработените во приватниот сектор,  за што во понеделникот и официјално е поднесена иницијативата до надлежните институции, образложи Трајковска.

 

Се предлага вработените за време на извршување на работата мора да исполнуваат еден од условите за заштита од корона вирустот накратко наречен “ВПТ”: вакцинација од вирусот, прележан COVID-19 или да се тестираат. За вработените кои не се вакцинирани или го немаат прележано вирусот да се предвиди воведување на задолжително тестирање најмалку еднаш неделно со брзи антигенски тестови со само-тестирање или во државни или приватни дијагностички центри, како ќе одлучи работодавачот, образложи Трајковска.

 

Доколку работодавачот се одлучи за само-тестирање, истото да се изведува во работните простории, а работодавачот да го одреди местото и времето на само-тестирање и да води соодветна евиденција. Трошокот за тестирање со брзи антигенски тестови се проценува дека треба да е на терет на работникот, за да се постигне подигнување на степенот на имунизација во пократок временски период и да се спречат мутациите на вирусот, истакна Трајковска.

 

Воедно, за да нема дилеми во примената, се предлага Одлуката да се дополни и со тоа дека непочитувањето на пропишаната мерка за задолжително тестирање во случај кога вработеното лице не е вакцинирано или нема прележан COVID-19 во последните 6 месеци, претставува повреда на прописите за безбедност и заштита при работа, за што работодавачот може да примени мерки во согласност со прописите што ги регулираат работните односи. Мора да се има предвид дека заеднички мора да работиме на подигнување на степенот на вакцинација, кој е неопходно да се постигне во пократок временски период за да се спречат и мутациите на вирусот, затоа се предлага мерката да стапи на сила што поитно, но да се даде период за можност невакцинираните лица кои се во работен однос да се вакцинираат. Се повеќе европски држави на ова прашање гледаат како право на вработениот за заштита при работа, истакна Трајковска.

 

Во насока на реализација на спроведување на мерката на задолжително тестирање без истата да предизвика значителни материјални трошоци за работниците, а и поради ризикот од покачување на цените на антигентските тестовите во услови на зголемена побарувачка, Комората предлага Владата на РСМ согласно Законот за трговија да донесе Одлука со која ќе ја определи највисоката цена (набавна односно увозна цена со оглед дека нема домашно производство зголемена за разумна маржа) за овој вид на тестови, истакна потпретседателката м-р Анета Трајковска.

 

 

 

Анета Трајковска Задолжително тестирање Стопанската комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.