Во првото тримесечје од 2021 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 86.4 %, а 80.5 % го користеле секој ден или речиси секој ден, соопшти Државниот завод за статистика.
Од оние што користеле интернет 86,4 % од популацијата, мажите биле застапени со 87.8 %, а од женската популација интернет користат 85,1% . Од 15 до 24 годишна возраст ја сочинуваат најбројната група по возраст на корисници на интернет и нивниот процент е 99.5 %. 95.9 % е бројот на корисници од возрасната група меѓу 25 и 54 години.
Во групата корисници на интернет од 15 до 74 години, најголемиот процент на оние што користат интернет отпаѓа на граѓаните со високо образование 96,3 %, 90.0% се лица со средно образование а 73 , 2% од групата со ниско образование.
Најчести посетители на интернет биле студентите и учениците со 99,8%, вработените 95,0%, 87,8 % се невработените лица.
Анализата покажува дека во последните три месеци интернетот најмногу се користел за телефонирање, видеоповикување преку веб камери, користење апликации како Skyp, facetime а тоа го правеле 90,6 % од корисниците.
Учество во социјални мрежи (креирање кориснички профил, испраќање пораки или други прилози на Фејсбук, Твитер итн. имале 85,2% од корисниците на интернет.
Користење инстант-пораки, т.е. размена на пораки, на пример, преку
Skype, Messenger, WhatsApp, Viber користат 82,3%.
71, 7 % од корисниците на интернет, читаат онлајн вести/весници/
списанија, покажало истражувањетто на ДЗС.
Над 80% од домаќинствата во земјава се со пристап до интернет.покажува анализата.