Сите пациенти се во стабилна состојба, на дел им се направени оперативни зафати вчера. Двајца од пациентите ќе бидат оперирани и денеска, кажа доктор Маја Аргирова од Клиниката за хирургија во „Пирогов“.
Според Аргирова, едното лице кое треба да биде оперирано е со изгореници на рацете, додека пак на друга девојка треба да и биде извршена операција на десното колено.
„Вчера беше извршена операција на колено на еден од повредените“, рече д-р Аргирова.
Таа рече дека еден од пациентите се наоѓа во тешок психички шок и дека со него е психолог.
„Работат психолозите со него, како и со сите останати“, додава таа.