НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Настраданите починале како последица на задушување, а едно лице не е ниту меѓу преживеаните, ниту меѓу починатите, изјави Сарафов

0
By НОВА ТВ Balaban on November 25, 2021 ПОЛИТИКА
FOTO Printskrin
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Во нивните бели дробови се утврдени траги од дим, што значи дека биле живи во моментот на пожарот“, рече Сарафов.

Завршени се обдукциите и сите покажуваат дека загинатите починале како последица на задушување од пожарот, а не од повреди здобиени од ударот, ниту од експлозија, соопшти на денешната прес конференција заменик главниот обвинител на Бугарија, Борислав Сарафов, пренесе Алсат.

„Во нивните бели дробови се утврдени траги од дим, што значи дека биле живи во моментот на пожарот“, рече Сарафов и нагласи дека конечна проценка за причините за несреќата ќе треба да дадат финалните анализи, но водечка верзија, во овој момент, како причина за несреќата е човечка грешка.

Бугарскиот заменик обвинител Сарафов, кој е и директор на Националната истражна служба, изјави дека продолжуваат анализите и испитувањата на автобусот, коишто треба да дадат одговор за причините и начинот на избувнување на пожарот, како и за сообраќајната анализа зошто автобусот ја напуштил патеката на движење.

Како што кажа тој , досега се испитани двајца сведоци, патници во автобусот коишто биле будни во момент на инцидентот.

„И двајцата даваат објективни информации, испрашани независно еден од друг, изјавите им се совпаѓаат и ги земаме за апсолутно веродостојни“, рече Сарафов,  додавајќи дека во моментот трае разговор со уште двајца од хоспитализираните пациенти.

Сарафов посочи дека продолжуваат испитувањата и анализите на автобусот, кои треба да дадат одговор за причините и начинот на избувнување на пожарот, како и за сообраќајната анализа за причините за кои автобусот ја напуштил патеката на движење.

На денешната прес-конференција на бугарското обвинителство беше соопштено дека се извлечени 44 тела, а беше пријавено дека се починати 45 лица во страотната несреќа.
За едно лице не се знае каде е – ниту дали е меѓу преживеаните, ниту дека е меѓу починатите.
Категорично се отфрлени верзиите за терористички акт и туби со нафта
Разгледани се, но категорично се отфрлени, рече Сарафов, и верзиите за терористички акт и туби со нафта, како можни причини за несреќата.

– Пронајдени се три туби. Трите труби не биле полни и не се запалени. Пожарот не избувнал од нив. Верзијата за терористички акт е професионално разгледана и земени се анализи од автобусот за постоење на терористички акт. Категорично ги отфрламе тие верзии. Не станува збор за терористички акт, изјави Сарафов.

Екипа од обвинителството утре заминува за Скопје за подигање на изработените ДНК профили од роднини на настраданите, кои потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Потоа, нагласи Сарафов, телата на жртвите ќе може да им се предадат на нивните семејства.

Несреќата се случи во вторникот на автопатот „Струма“ кога автобус на превозникот „Беса транс“ се запали враќајќи се од туристичка тура од Истанбул. Во тек е истрагата на истражните органи и идентификација на жртвите, која се очекува да заврши за седум дена.Седумте преживеани моментално се хоспитализирани и се надвор од животна опасност.

 

Борислав Сарафов Бугарија прес конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.