Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкуловски: Големиот избор квалитетни програми го прават УКИМ водечки во земјава и најдобар избор на идните студенти

0
By НОВА ТВ on November 30, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 30, 2021 11:17

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје зад себе има богат 72-годишен пат исполнет со резултати достојни за почит, пат длабоко втемелен во сите пори во нашето општество. Големиот избор на квалитетни и иновирани студиски програми, постојаниот стремеж за достигнување на квалитетот на образовните програми на европските и светските универзитети, како и следењето на трендовите на атрактивност на студуските програми го прават Универзитетот не само водечки во земјава, па и пошироко, туку и најдобар избор на идните студенти.

Ова денеска го истакна ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски преку онлајн обраќање до матурантите, идни членови на академската заедница на УКИМ по повод одржувањето на манифестацијата „Отворен ден на УКИМ“.

– Оваа манифестација претставува одлична можност да се уверите во одликите на УКИМ со кои се издвојува и предничи пред сите останати универзитети во нашата држава и воедно е еден од врвните во регионот. Богатата високо образовна понуда на УКИМ е одраз на осовременувањето на наставно – образовниот процес, следењето на интересот на студентите, на потребите на стопанството и на современите текови на образованието во глобални рамки. Нашиот универзитет организира настава на студиски програми во сите научни области, природно – математичките, техничко – технолошките, медицинските, биотехничките, општествените, хуманистичките науки и во уметностите, рече проф.д-р Јанкуловски.

Новата генерација матуранти која ќе зачекори и успешно ќе го изоди патот на високото образование по квалитетната високо образовна патека на УКИМ, потенцира ректорот, исто така ќе има можност да ја продолжи со својата образовна надградба со изборот на квалитетна и мошне разновидна понуда на постдипломски студиски програма која ја нуди УКИМ и која рамо до рамо го следи квалитетот на евроспките студиски програми од втор циклус.

– Драги матуранти отворениот ден на УКИМ ќе ви понуди можност да се запознаете и со професорите и со студентите. Немајте двојба, разрешете ги недоумиците доколку ги имате. Прашајте ги се што ве интересира за студиските програми, за можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на вашите идни колеги, студентите од повисоките години кои несебично со вас ќе ги споделат нивните искуства за вклученоста во научно-истражувачките и останатите проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практиканството, за кариерните можности. Вашиот избор, вашата одлука за студирате на УКИМ се вистински и правилни, бидејќи дипломите стекнати на УКИМ се препознатливи и на домашниот и на меѓународниот пазар на трудот. Освен тоа, студентите на УКИМ се централен субјект и рамноправен партнер во одлучувањето за сите значајни прашања од дејноста на Универзитетот преку учеството во органите на факултетите и на Универзитетот. Бидете наш партнер. Студирајте на УКИМ, Универзитет чие мото е „Традиција, потврдени вредности и квалитет“, додаде ректорот Јанкуловски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.