НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Претседателот Пендаровски се обрати на јубилејната изложба „75 години ДЛУМ“

0
By НОВА ТВ Balaban on December 2, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на отворањето на изложбата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, по повод 75 годишнината од неговото основање.

Како покровител на јубилејната изложба „75 години ДЛУМ“, претседателот Пендаровски нагласи дека секој континуитет кој остава развојни траги во нашата културна историја има непроценлива важност. Авангардата на македонската ликовна уметност е револуционерна за времињата кога се формира ДЛУМ, но, актуелна е за денешните, а ќе биде и за сите идни генерации.

Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

„Во времиња кога брзината е поважна од вредноста, кога нашето внимание го преокупираат инстантни „твитови“ и фејсбук објави, секој континуитет кој остава развојни траги во нашата културна историја има непроценлива важност. Токму затоа, Друштвото на ликовните уметници на Македонија, има вонредно значење, имајќи ги во предвид сите децениски искушенија во кои настанува, се развива и опстојува до ден-денешен. Станува збор за една од најзначајните струкови уметнички и културни заедници, која ги одразува тековите не само во ликовната уметност, туку, генерално, во современото македонско уметничко творештво. 

Само со јасни стратешки определби за градењето на културните политики, можеме да го развиваме нашето културно наследство во една нова, конструктивна и креативна критичка перспектива, што е основата врз која се создава и актуелната, живата култура. Овој јубилеј на ДЛУМ, треба да ни биде поттик и поука за тоа како треба секој човечки влог, настанат во специфични идентитетски, економски и социо-културни околности, да се документира, негува, култивира и развива понатаму како отворена структура за новите парадигми во културата, уметноста и генерално, во општеството.

Не само заради моментната инспирација од овие импозантни дела, околу нас, на нашата модерна и современа уметност, транс-историските аспекти на постоењето на уметничкото творештво можеме да го согледаме низ целокупното постоење на ДЛУМ. Имено, стиловите кои ги втемелуваат неговите основачи, Личеновски, Мартиноски, Поповиќ-Цицо, Владимирски, Белогаски и многумина други, како и оние на денешната, актуелна уметничка продукција, претставуваат потпорна точка од која произлегува фактот дека нашите уметнички креации се рамноправен репрезент на светските струи во уметноста. Авангардата на македонската ликовна уметност е револуционерна за времињата кога се формира ДЛУМ, но, актуелна е за денешните, а ќе биде и за сите идни генерации.

Почитувани,

Дозволете ми во ова прилика да се повикам на размислувањата на еден од најзначајните визуелни уметници од втората половина на минатиот век, Јозеф Бојес, чија 100 годишнина од раѓањето прославуваме годинава и кој несомнено има влијание и врз нашите современи уметници. Тој вели: „Сметам дека уметноста е темелна политичка сила, дури би рекол, револуционерна и еволуциска. Единствената сила која може да го ослободи човештвото од репресија. Секој уметник е ко-создавач на општествената архитектура, и, со тоа, учествува и има одговорност во креирањето на прогресивните, демократски процеси во општеството. Уметникот е слушнат од сите, затоа што неговиот глас преку творештвото, неговиот јазик, стигнуваат најдалеку… па колку и да се неповолни условите во кои уметниците создаваат…  тие ја имаат моќта да бидат гласот на тивките и на обезгласените…“.

Низ историјата на ДЛУМ може да се увиди дека визуелните уметности, во сите нивни многубројни форми и изрази, низ целиот 20 век, па сѐ до денес, се единствените од сите гранки на уметностите кои се во динамична промена, налик на динамичните промени на целиот социо–културен и политички пејзаж. Тие промени се технолошки, но, и естетски. И преку нив, еве и овде, низ оваа ретроспектива посветена на 75 годишнината на ДЛУМ, осознаваме дека уметноста низ разни техники реагира и укажува на општествените финеси, аномалии, се разбира и на доблестите. Дискурсот кој го нуди уметноста е клучната алатка која може длабински и суптилно да навлезе во проблематичните, но и во прогресивните општествени перспективи. А при тоа, уметниците никогаш да не ја напуштат својата автономија. 

Низ историјата на ДЛУМ прилично транспарентно може да се согледа општествената инфраструктура на нашиот културен и уметнички развој. Историјата и актуелната вредност на ДЛУМ се наследство кое трае и отвора нови хоризонти. Со тоа, ДЛУМ останува да биде едно од најзначајните јадра на културните политики, кои треба внимателно да ги развиваме.

Ви го честитам јубилејот и ви посакувам уште многу творечки патувања во децениите кои доаѓаат!“

 

„75 години ДЛУМ“ јубилејната изложба Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.