НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џонсон на Балканот го испраќа „дипломатскиот тешкаш“,поранешниот шеф на Воениот комитет на НАТО, Сер Стјуарт Пич

0
By Mirjana on December 3, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На американската двојка врвни дипломати за Западен Балкан Габриел Ескобар и Метју Палмер, и се приклучува уште еден „тешкаш“  од дипломатско-воените кругови на Велика Британија, поранешниот шеф на Воениот комитет на НАТО, Сер Стјуарт Пич. Британскиот премиер  Џонсон го назначи  за специјален претставник на неговата земја за Западен Балкан.

Во соопштението на британската влада за назначувањето на специјалниот претставник за Балканот се вели дека со тоа се покажува посветеност на стабилноста и просперитетот на регионот. Стјуарт Пич ќе ја преземе функцијата веднаш штом ќе поднесе оставка како претседател на воениот комитет на НАТО, што е најголемата воена функција во воената алијанса.

– Како специјален пратеник на премиерот, Сер Стјуарт ќе работи со лидерите од Западен Балкан, како и со други партнери во регионот и пошироко, како и со сојузниците од САД и Европа во промовирање и зајакнување на регионалната стабилност. Неговите работни обврски ќе вклучуваат промовирање силни демократски институции и отворено општество, помагање во борбата против организираниот криминал и другите заеднички безбедносни предизвици и охрабрување на решенија за преостанатите конфликти, како што се воените злосторства и исчезнатите лица, се вели во соопштението на британската влада.

Во соопштението се наведува дека британскиот пратеник во БиХ ќе го поддржи високиот претставник Кристијан Шмит и ќе работи со партнерите за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово со посредство на ЕУ.

Во истата изјава се вели дека високиот претставник предупредил дека БиХ се соочува со најголеми егзистенцијални закани во повоениот период и дека се уште постои реална можност за дополнителни поделби и конфликти.

– Обединетото Кралство е длабоко посветенo на зајакнувањето на европската безбедност. Западен Балкан се соочува со најголемата закана за стабилноста и безбедноста во повеќе од две децении. Имаме одговорност да направиме се што можеме за да го зачуваме напредокот преку дијалог и мир – не смееме да дозволиме никакво враќање на насилството и поделбите од минатото. Огромното искуство и експертиза на Сер Стјуарт ќе ги зајакне напорите на меѓународната заедница за заштита на мирот и унапредување на евроатлантската интеграција, која е од клучно значење за регионот, рече Борис Џонсон.

Брисел поделен во поглед на потегот на британскиот премиер Џонсон. Некои дипломати во Брисел се изненадени што британската влада одлучила да стави ваков „тешкаш“ на таа позиција. Покрај тоа што беше шеф на Воениот комитет на НАТО, тој беше и шеф на Генералштабот на британската армија.

Некои пак не се изненадени. Ваквата одлука се оправдува со фактот што  официјален Лондон сака да остане клучен фактор во регионот и по излегувањето на Велика Британија од Европската унија, со тоа што е членка на НАТО и постојан член на Советот за безбедност на ООН.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Велика Британија назначи Сер Стјуарт Пич специјален претставник за Западен Балкан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.