НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митрески: За Буџетот се прифатени амандмани на опозицијата во вредност од 350 милиони денари, што е историски највисоко ниво

0
By Mirjana on December 9, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Од утре ќе почнеме да го разгледуваме Буџетот и до наредниот четврток, се надевам дека тој ќе биде изгласан, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески во гостувањето во „Утрински брифинг“.
Тој нагласи дека специфика на овој буџет е што има најмалку амандмани поднесени од опозицијата, која претходно поднесувала и  900 до илјада амандмани.
Специфика се и  средствата од 350 милиони денари, историски највисоко ниво, како износ на прифатени амандмани, најголем барем во последните 15 години, рече Митрески.
Тој нагласи дека тоа е доказ на демократскиот капацитет на оваа власт.
Кога ние сме биле опозиција ни се прифаќале амандмани во незначителен износ до три милиони денари, истакна Митрески.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, осврнувајќи се на работата на Собранието, истакна дека не очекува нова блокада за законските решенија во интерес на граѓаните, од страна на пратениците од опозицијата, судејќи по договорот од неформалните состаноци на координаторите на пратеничките групи.
Доколку Законот за работни односи не беше блокиран недела веќе ќе беше неработен ден, истакна Митрески, појаснувајќи дека ова законско решение е влезено во комисиска расправа уште во септември, но не успеа да помине поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нагласи дека  важен закон за подобрување на статусот на работниците е и Законот за минимална плата кој е на предлог на СДСМ.
Јас очекувам тој да не биде блокиран и минималната плата да се зголеми на 18 илјади денари, порача Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, во гостувањето во „Утрински брифинг“.
амандмани опозиција буџет 2022 Митрески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.