НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Приказна за Моцарт – музичко едукативна претстава во КИЦ на РСМ во Софија

0
By НОВА ТВ Balaban on December 10, 2021 КУЛТУРА
Фото: kic.com.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во КИЦ на Северна Македонија во Софија денеска ќе се одржи музичко едукативна претстава за деца и родители „Приказна за Моцарт“, во која учествуваат децата од Детското драмско и музичко студио при Здружението „Детски Свет“ од Скопје.

Автор на претставата е Сања Шуплевска Боирал, драматург Магдалена Ризова Черних, а продуцент  Орце Ицковски. Ќе настапат Анастасија Аневска – Клара, Адриен Боирал – Карл, Александар Ицковски – виолончело, Ведран Андреевски – пијано, Дарко Богески – Моцарт, Леополд, Бетовен, Магдалена Ризова Черних – Кралицата и Сања Шупелвска – виолина.

Претставата се одвива во времето кога В. А. Моцарт ја пишувал својата последна опера – Волшебната Флејта во 1791. Главните носители-актери во претставата се во улога на детскиот состав од Волшебната Флејта. Тие прават експерименти и истражувања со главна цел да го спречат маестрото Моцарт во намерата да ја исфрли нумерата со деца од претставата. Претставата преку неколку сцени раскажува за моменти од животот на славниот композитор, неговото  творештво, како и периоди од детството, патувањата, познанствата и родителството.

Сцените се проследени со изведба и видео инсерти  на неколку познати композиции од опусот на В.А. Моцарт

Здружението „Детски Свет“ е непрофитна организација која од своето основање до денес спроведува бројни проекти значајни за општеството и културата, каде преку разновидни едукативни работилници се постигнуваат значајни резултати во однос на активното учество на децата и младите во промовирањето на културно-уметничкиот живот во РСМ. Целта е да се зголеми свеста за важноста на неформалното образование при активното вклучување во процесот на развојот на културата и уметноста во земјата.

Приказна за Моцарт Сања Шуплевска Боирал Софија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.