Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ангел Димитров: Разговаравме за цар Самуил, сè уште сме заглавени во 10 и 11 век

0
By Sashko on December 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 10, 2021 19:29

Претседателот на бугарскиот тим од Заедничката историска комисија меѓу Бугарија и Северна Македонија, Ангел Димитров, денеска на брифинг во бугарското Министерство за надворешни работи изјави дека дводневната средба на Комисијата завршила без резултати.

Тој, како што јави дописникот на МИА од Софија, информира дека членовите на Комисијата на средбата успеале да го усогласат записникот од 12. состанок што се одржа на почетокот на 2021 година, во што, според него, има симболика.

На денешната, како што оцени Димитров, „неплодна средба“ историчарите зборувале за цар Самуил, посочувајќи дека сè уште „се заглавени во 10. и 11. век“. Димитров додаде дека стравува оти работата на Комисијата ќе биде тешка и во текот на следната година.

Кога не сакате да ја прифатите основна формулација на Договорот за пријателство и добрососедство, а тоа е заедничка историја, значи дека се сомневате во примената на тој договор, изјави Димитров.

Според него, за да заживее Договорот, ќе мора да се преземат чекори на сите полиња на соработка, а Мешовитата комисија, како што посочи, е само едно од нив.

Димитров информира дека следната 17. средба на Комисијата е закажана во февруари 2022 година, како и дека во текот на следната година треба да се одржат вкупно пет состаноци.

Претходно, нашето МНР информира дека и по завршувањето на дводневната 16. редовна средба на Заедничката мултидсциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања што се одржа во онлајн формат, остануваат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества и градењето на добри односи ослободени од политизирање на историјата меѓу македонските и бугарските историчари.

Како што наведоа од МНР, во текот на двата дена членовите на Комисијата повторно дискутирале по забелешките за учебниците по историја, при што биле соочени концептот на мултиперспективност, наспроти исклучивиот пристап.

Пристапот кој се заснова на позитивните европски искуства и препораките на Советот на Европа и УНЕСКО остануваат основа во работата на македонската страната во Комисијата и од тука произлегуваат главните недоразбирања со колегите од Софија, кои остануваат на исклучивиот пристап кој е туѓ на современото разбирање на историското образование кое подразбира мултиперспективен и интердисциплинарен пристап, стои во соопштението од МНР.

Според МНР, вториот ден покажал дека двете страни се сè уште далеку од решение кое би довело до подобрување на образовниот процес и остварување на заедничката цел градење добрососедски односи и пријателство во кое минатото и различните толкувања на историјата нема да бидат пречка.

„Во текот на двата дена членовите на Комисијата работеа и на усогласување на содржината на записниците од минатите средби. Договорен е и датумот за следната средба која ќе се одржи на 24 и 25 февруари следната година“, се наведува во соопштението на МНР.

Ангел Димитров Бугарија Историја Македонија Мешовита Комисија Цар Самуил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.