НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Регионални консултации на УНЕСКО за Европа и за Северна Америка за културните политики

0
By НОВА ТВ Balaban on December 13, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамките на својата презентација на тема: „Инвестирање во културата и креативноста за креирање вработување и социоекономски развој”, Стефоска нагласи дека дефинитивно мораме да дадеме се од себе за да ја промениме лажната перцепција за културата како трошок или луксуз и да ја прикажеме како важна стратегиска инвестиција која носи значителни придобивки за општеството.

Сите сме свесни за вистинската моќ на културата, уметноста и културното наследство во зачувувањето на човековата меморија и враќањето на човечкото достоинство и гордост. Освен тоа, знаеме дека културните политики низ вековите можеле да обликуваат историски наративи кои ја доловуваат националната митологија и кои го отелотворуваат идентитетот на земјата. Меѓутоа денешниот свет, кој брзо се менува, сериозно ги предизвикува концептите на културната политика од 20 век – рече министерката Ирена Стефоска на денешните регионални консултации на УНЕСКО за Европа и за Северна Америка за културните политики што се одржаа онлајн, информираа од Министерството за култура.

Во рамките на својата презентација на тема: „Инвестирање во културата и креативноста за креирање вработување и социоекономски развој”, Стефоска нагласи дека дефинитивно мораме да дадеме се од себе за да ја промениме лажната перцепција за културата како трошок или луксуз и да ја прикажеме како важна стратегиска инвестиција која носи значителни придобивки за општеството.

Во своето обраќање таа додаде дека токму затоа на 74. Генерално собрание на Обединетите нации, оваа година – 2021 беше прогласена за Меѓународна година на креативна економија за одржлив развој.

– За жал, пандемијата од КОВИД-19 во голема мера ја парализираше креативната економија  –  истакна Стефоска.

На настанот претседаваше Нина Обуљен Коржинек, министерка за култура и медиуми на Република Хрватска, а свое излагање имаше и Ернесто Отоне, помошник на генералниот директор на УНЕСКО за култура. На состанокот, учесниците дискутираа и за теми поврзани со: промоција на културната разновидност во дигиталното опкружување и јакнење на статусот на уметниците; заштита и промоција на културното наследство за социјална инклузија, дијалог и мир; јакнење на синергиите меѓу културата и образованието фокусирани на човечки развој и одржливост и регионално и светско партнерство за културата и одржливиот развој.

Регионалните консултации претставуваат подготвителен процес пред Светската конференција на УНЕСКО за културните политики и одржлив развој – Mondiacult 2022, што УНЕСКО, во партнерство со Владата на Мексико, ќе ја реализира од 28 до 30 септември 2022 година.

 

 

 

Ирена Стефоска консултации Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.